October 24, 2021, 8:11 am

Вучиќ: Повлекувањето на мерките значи дека го признаваме Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека, доколку Србија ги повлече мерките кон Косово, таа всушност ќе ја признае нивната независност.

Според него, тоа сакаше да го каже премиерот на Косово, Албин Курти, кога рече дека ќе ги повлече мерките за непризнавање на српските регистарски таблички, кога и Србија ќе ги повлече своите мерки.

Вучиќ пред црквата Свети Ѓорѓи во Будимпешта посочи дека нема да има разговори додека вооружените сили на Приштина не се повлечат од северот и нагласи дека тоа е единственото решение.

-Тие можат да организираат што сакаат, јас нема да се согласам со она за што мислат дека ќе се согласам. Вратете се на она што беше, па тогаш ќе можеме да разговараме“, рече Вучиќ на прашањето за наводната организација на итен состанок меѓу Белград и Приштина во Брисел.

Вучиќ ги праша новинарите „кои биле дејствата на Србија кон Косово“ или „кои биле дејствата на Србија на Цетиње“.

Премиерот на Косово, Курти, рече дека Владата на Косово е заинтересирана за трајно решавање на проблемот со слободата на движење на граѓаните на двете земји и дека ќе ја повлече одлуката доколку истото го стори и српската страна.

Latest News

Мицкоски: Масовно да излеземе на изборите и да избереме промени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера од Охрид ги повика граѓаните да се обединат и мобилизираат, се со цел...

More Articles Like This