December 9, 2021, 11:08 am

Вчера вaкцинирани 11.857 граѓани досега вакцинирани вкупно 107.978 граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 279.909 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 10.845 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.857 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 130.878 дози вакцини, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Со последните бројки околу 30% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Latest News

Големо апceње во Србија: Уaпceни сопругата и сверквата на Беливук

По наредба на Обвинителството за организиран криминал во соработка со СБПОК приведени се четири жени Б.Б., Т.М. С.Ѓ и...

More Articles Like This