ВЧЕРА ИМАШЕ ПОТПИСИ, ДЕНЕС НЕМА: СДСМ ги демантираше сопствените информации за собирање потписи за добивање мандат!

  • February 6, 2017

СДСМ си поигрува со јавноста во врска со информациите за формирањето на Влада и преговорите со потенцијалните коалициони партнери.

sekerinska-silegov

Дека СДСМ си игра топло-ладно со граѓаните говори фактот што до вчера СДСМ и нивните блиски портали тврдеа дека се пред договор, а денес Радмила Шекеринска ги демантираше.

Со денешната изјава на Радмила Шекеринска беше демантирана и изјавата на Шилегов од пред некој ден. Шекеринска најави дека денешната средба е почеток на преговорите и дека ништо се уште не е договорено.

-Вие сте свесни дека ова не беше долга средба. За сите прашања ќе дискутираме со потенцијалните коалициони партнери и за сите прашања ќе ја информираме јавноста. Ова е прва средба и информациите кои што беа присутни во јавноста дека штотуку не се договорило се, не беа точни. Така што денеска на првата ваква средба тешко е да даваме прогнози- изјави Шекеринска.

https://www.youtube.com/watch?v=6LmT3qgBs2k

Пред неколку дена портпаролот на СДСМ Петре Шилегов рече, а медиумите блиски до СДСМ пренесоа дека јавноста треба да очекува брзо формирање на Влада.

silegov-print-640x564
silegov-print2-640x458
-СДСМ работи на брзо и ефикасно решение за обезбедување на составување на новата Влада и граѓаните да не се грижат- рече Шилегов.

И од Цивил која важи за продолжеток на политиките на СДСМ информираа дека СДСМ има поддршка за формирање на влада.

civil-za-vlada

Претходно «
Следно »