October 23, 2021, 8:59 am

Вчepa вakциниpaни 12.939 гpaѓaни, дoceгa вкyпнo ce вakциниpaлe 519.106 лицa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 519.106 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442 дози вакцини, а ревакцинирани се 401.336 граѓани.   

Со последните бројки 64% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 57% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.  

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.   

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Latest News

Виcoк лидep вo Aл Кaeда y6иeн вo американски нaпaд co дpoн вo Cиpиja

Американската војска соопшти дека вчера убила висок водач на Ал Каеда во воздушен напад во северозападна Сирија. Мајор Џон...

More Articles Like This