ГАДАФИ СЕ ВРАЌА ВО ЛИБИЈА: Синот на Муамер Гадафи се враќа на политичката сцена во Либија!

  • October 18, 2017

Синот на бившиот либијски лидер Саиф ел Ислам Гадафи се враќа во политиката, изјавил за Спутник адвокатот на семејството Гадафи Халид ел Заиди. Според неговите зборови, враќањето на Саиф ел Ислам е неопходен поради ситуацијата во Либија, немањето на дијалог и разбирање за реалните работи во земјата

„Потребно е да се постигне политички консензус. Често се појавуваат информации дека Саиф ел Ислам ја напуштил Либија, но тоа не е точно. Тој е во постојан контакт со либијските лидери, претставниците на племињата бидејќи сака да дојде до помирување на спротивставените страни“. Адвокатот истакнал дека тоа што го прави синот на Гадафи е многу покорисно од тоа што го постигнаа учесниците во преговорите за нормализација на ситуациајта во Либија, кои започнаа во Тунис на крајот на септември под покровителство на ОН.

„Преговарачите не се бават со стабилизација, туку склопуваат дилови и ги бранат приватните интереси, кои немаат никаква врска со потребите на обичните Либијци. Тие преговори служат исклчуиво на интересите на странски земји, кои сакаат кризата да трае што подолго бидејќи тие профитираат од тоа“, категоричен е Халид ел Заиди.

Како што вели Ел Заиди, Либијците не очекуваат ништо позитивно од тие преговори, бидејќи тие донесуваат исклучиво страдање, војна и сиромаштија.

Според неговите зборови, Гадафи е поддржан од обичниот народ, а не од вооружените сили.

„Сите Либијци се вооружени до заби. Саиф ел Ислам ќе се потпре на обичните луѓе, кои сакаат да се борат против тероризмот и за стабилна ситуација во земјата“.

Инаку, Саиф ел Ислам е втор син на убиениот либијски лидер Муамер ел Гадафи, инжинер по занимање. Пред десет години Саиф ел ислам се стекна со звање доктор по филозофија на Лондонската школа за економија и политички науки. За време на првата деценија од 21.век Саиф ел Ислам се залагаше за нормализација на односите со Западот дури и го критикуваше својот татко за „авторитарната политика“, но застна на негова страна кога во Либија започна граѓанска војна. Интересно е тоа што откако Париз официјално ја призна легитимноста на либијската опозиција, Саиф ел Ислам побара од Николас Саркози да ги врати парите кои ги добил од Триполи за претседателската кампања во 2007 година.

По убиството на неговиот татко, Саиф ел Ислам е уапсен на југот на Либија. Во јули 2015. година осуден е на смрт поради наводно загрозување на државната безбедност, но во јуни 2017. година е пуштен од затвор во рамки на програмата за амнестија.

Претходно «
Следно »