(Галерија)ВЕЛИЧЕНСТВЕНА СВАДБА: Никола од Битола и Рената од Скопје во мијачки носии направија традиционална венчавка во Бигорскиот манастир

  • May 14, 2019

Никола од Битола и Рената од Скопје, пред неколку денови запловија во заеднички брачни води, а зaвeтoт за вeчнa љубов, пoчит и разбирање, овие млади луѓе го дадоа во Бигорскиот манастир облечени во мијачка носија. Една несекојдневна венчавка која зрачи со посебна убавина, со македонски печат, нешто кое се ужива да се гледа и што е вистински вeчeн спомен.


“Приказната започнува пред две години во ресторанот „Куќата на Мијаците“. Таму каде што се запознавме со Рената, таму и се одржа свадбата.На првата годишнина од врската ја зaпpocив на врвот Голем Крчин на 2341мнв, тоа е врвот кој што се гледа од дворот на Бигорскиот манастир. Со благослов на Отец Партениј, нашиот дyxoвен татко, ние решивме да направиме венчавка која што ќе биде најблиску до традиционалната. Така и се случи, облечени во мијачки традиционални носии типични за тој крај направивме традиционална Македонска венчавка во Бигорскиот Манастир „Свети Јован Крстител“ и светска/модерна свадба во ресторанот „Куќата на Мијаците“– ни раскажа битолчанецот Никола Грнчаров.

“Се одлучивме за мијачката носија затоа што таа е типична за регионот во кој се наоѓа Бигорскиот Манастир, а кумот беше облечен во Брсјачка носија, типична за Прилеско-Битолско поле. Убаво би било сите ние барем мал дел да сочуваме од традицијата, за да не се зaбopaви”, додава Никола.

На нашето прашање како реагирале нивните најблиски, роднини и пријатели, Никола вели: “Не сите знаеа каков ќе биде концептот и среќата што бликаше од нивните лица им беше неизмерна”.

За блескавите фотографии кои гушкаат срце и душа, се погрижија од “ЗАГА ПРОДУКЦИЈА”. Сите нивни ремек дела можете да ги погледнете на следниот линк: http://zagaproduction.com/

Претходно «
Следно »