(Галерија)ДЕТАЛИ ЗА СООБРЌАЈКАТА КАЈ ПЕШТАНИ: Мотоциклистот загинал на лице место, уште едно лице повредено!

  • August 6, 2016

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на локалниот пат Охрид – Свети Наум, на делот од патот што од Пештани води во насока кон автокампот „Градиште“ .
13866572_983793135074274_554568808_n

Според првичните информации од Секторот за внатрешни работи од Охрид, до несреќата дошло при директен судар на комбе „Волксваген“ со моторцикл, кој од непознати причини прешол на спротивната страна од коловозот.

Во несреќата е повредено уште едно лице, сопатникот на моторциклот кој се здобил со животнозагрозувачки повреди во несреќата.

На лице место во тек е истрага за утврдување на причините и околностите на несреќата, поради што во моментот во прекин е сообраќајот на тој доста фреквентен патен правец што води кон плажите на источниот брег на Охридското Езеро. Дополнително увидот ќе биде пролонгиран поради невремето што го зафати охридскиот регион проследено со интензивни врнежи од дожд.
soobrakjaka_pestani6

soobrakjaka_pestani5

soobrakjaka_pestani4

soobrakjaka_pestani3

soobrakjaka_pestani2

soobrakjaka_pestani

Претходно «
Следно »