Ганка Цветанова и Сашко Кедев продолжуваат да „освојуваат“ познати врвови во светот!

  • August 4, 2019

За кардио-хирургот Сашко Кедев кој своевремено беше и кандидат за претседател на Македонија е познато дека е вљубеник во планинарењето,а се чини таа љубов ја пренел и на неговата партнерка Ганка Цветанова, поранешна министерка за култура.

После бројните успеси најновиот врв кој оваа двојка успеа да го искачи е швајцарскиот Монк (4.107 метри).

Ова не е прв ваков подвиг на Кедев и Цветанова, имајќи предвид дека до сега заедно качиле многу планински врвови.

Претходно тие беа и на Аконгаква во Аргентина.За Кедев ова е вторпат како го освојува Аконкагва, со висина од 6.962 метри надморска височина. Цветанова, пак, не успеала да се искачи до крај, стигнала само до 6.000 метри надморска височина

.Но, беше развеано македонското знаме…

Станува збор за највисокиот врв во западната и јужна хемисфера. Се наоѓа на планинскиот венец Анди, на територијата на денешна Аргентина во близина со чилеанската граница, односно на 15. километри од самата граница.

Претходно «
Следно »