ГЕВГЕЛИЧАНИ ОСТАНАА СО „ПРСТОТ ВО УСТА“: За гевгеличани во 2019 година, нема ни парк, ниту еднократна сума за четврто дете

  • December 27, 2018

Гевгеличани и годинава не добија нов, поголем градски парк. Ова им беше ветувано од актуелниот градоначалник, Сашо Поцков. Но, Поцков не само што не го исполни ветувањето, туку не ги послуша ниту советниците во Советот на Гевгелија кои се од ВМРО-ДППМНЕ. Тие побараа да се внесе ставка односно сума со која ќе се изгради парк со сите содржини потребни за сите граѓани, од најмлад до највозрасен.

Имено во предизборната кампања на СДСМ за тоа што ќе се направи во Гевгелија беше ветен градски парк. Истиот требаше да биде готов годинава. Но, ништо од него.

Но, седница на Советот на општина Гевгелија, што се одржа неодамна, а на која се расправаше за Буџетот за 2019 година имаше предлог од ВМРО-ДПМНЕ за изградба на нов парк во 2019 година. Наместо ова да биде шанса за Поцков и СДСМ да се корегира, напротив амнадманот од ВМРО-ДПМНЕ не беше усвоен.

Ова го потврди и претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Гевгелија, Андон Сарамандов. Тој на својот Фејсбук профил ја објави оваа вест.

– Во предизборната кампања СДСМ Гевгелија гласно најави нов градски парк на старото градско пазариште,а градоначалникот Сашо Поцков ветуваше дека овој проект ќе го реализира во 2018 год. На вчерашната седница на Совет на општина Гевгелија,градоначалникот Сашо Поцков не го прифати амандманот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ да се се изгради НОВ ГРАДСКИ ПАРК на старото пазариште во Гевгелија во програмата за 2019 година !!!! Нов градски парк на старото пазариште е уште една ГОЛЕМА ЛАГА на локалната власт во општина Гевгелија,заборавија што ветуваа пред граѓаните, пишува Сарамандов.

 

 

Но, градоначалникот не прифатил ниту да се дава еднократна финансиска помош за новородено четврто дете во програмата за 2019 година.

И за ова се огласи Сарамандов на својот Фејсбук профил.

– На 21-та седница на Совет на општина Гевгелија,градоначалникот Сашо Поцков не го прифати амандманот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ да биде предвидена еднократна финансиска помош за новородено четврто дете во програмата за 2019, напиша Сарамандов.

Претходно «
Следно »