Генетски модифицирани кокошки несат јајца со екстра протеини од кои се прави лек за рак

  • February 10, 2019

Генетски модифицирани кокошки несат јајца со екстра протеини од кои се прави лек за рак

Истражувачи ги модифицираа гените на кокошките за тие сега да можат да несат јајца со одредени протеини кои се лек за артритис и за некои видови рак. На овој начин таквите лекови се стотина пати поевтини отколку кога се произведуваат во фабрики.

Исто така, тие веруваат дека со тек на време производството може да се зголеми и во комерцијални количини. „Најбитно е тоа што кокошките не се малтретирани и не страдаат. Живеат во големи простори, и би можело да се рече дека кокошките живеат удобно” велат истражувачите.

Научниците претходно докажуваа дека генетски модифицираните кози, зајаци и кокошки можат да се користат за производство на протеински терапии. Меѓутоа истражувачите од Единбург веруваат дека нивниот пристап е поефикасен, дава подобри резултати и дека е поисплатлив од претходните обиди.

„Производството на протеински лекови на овој начин може да чини од 10 до 100 пати помалку отколку во фабрика, па можеме да очекуваме барем 10% пониски трошоци на производство“ додаваат тие. Најголемата заштеда произлегува од фактот што изработката на кафези за кокошки е многу поевтина отколку одржување стерилни простории за фабричко производство.

Многу болести се предизвикани затоа што човечкото тело природно не произведува доволно одредени хемикалии или протеини. Таквите болести можат да се контролираат со лекови што содржат протеини. Три јајца од генетски модифицираните кокошки се доволни за да се произведе една доза лек, а кокошките можат да снесат до 300 јајца годишно.

Претходно «
Следно »