September 27, 2021, 10:53 am

Георгиевски МАКЕДОНЧИШТЕ: Одлично е чувството да ја израдуваш македонската јавност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таеквондистот Дејан Георгиевски ги сподели вечерва со македонската јавност своите први импресии по освојувањето на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио.

– Чувството е одлично да се израдува македонската јавност. Во моментов сум навистина под големи импресии и не можам да кажам ништо повеќе, рече Георгиевски во директното јавување од Токио за дневникот на телевизија Сител.

Георгиевски посочи дека клучен момент на неговиот пат кон олимпискиот медал била првата борба против актуелниот светски првак, Кубанецот Алба Кастиљо.

– Најголем предизвик беше првата борба, бидејќи тука го скршив мразот. Но, како што најавував и претходно, тука се дојдени најдобрите и мојата цел беше да ги победам сите, изјави Георгиевски.

Тој додаде дека атмосферата во македонскиот олимписки тим во Токио е на завидно ниво.

– Сите си даваме меѓусебна поддршка и се мотивираме едни со други, и се надевам дека и другите наши натпреварувачи ќе постигнат голем резултат, додаде Георгиевски.

Тој попладнево му го донесе на македонскиот спорт првиот олимписки медал по 21-годишна пауза, откако настапи во финалето во категоријата над 80 килограми, во кое по голема борба загуби со 15:9 од главниот фаворит на олимпискиот турнир, Русинот Владислав Ларин.

На патот до финалето македонскиот таеквондист ги совлада актуелниот светски првак Алба Кастиљо од Куба, Сејду Гбане од Брегот Слонова коска и Јужнокореецот Ин Дон.

Сребрениот медал на Георгиевски е втор олимписки медал за македонскиот спорт по бронзата на борачот Мохамед Ибрагимов на Игрите во Сиднеј во 2000-та година.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Moтoциклиcт од Бугарија тeшкo пoвpeдeн вo cooбpaќajкa нa пaтот Куманово-Kpивa Пaлaнкa

На 26.09.2021 во 21.30 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, во...

More Articles Like This