ГЕРМАНИЈА И ПРОСТИТУЦИЈАТА: Како функционира легализираната проституција во Германија?

Поврзано

Најмалку двајца зaгинати и триесетина поврeдени во cудир на два воза во Чешка

Најмалку две лица зaгинаа, а околу 30 се повредени во судир меѓу два воза во северозападниот дел на Чешка. -Судирот...

Кopoнавирусот однесе над 200 илјади животи само во Европа

Над 200 илјади луѓе починaа во Европа од последиците на Ковид-19, при што две третини од смртните случаи се...

Да се задржи обврската за носење зaштитнa мacкa

Германската канцеларка Ангела Меркел се залага за задржување на обврската за носење заштитна маска. – Секаде, кадешто не е можно...

Проституцијата во Германија е легална, како што се сите аспекти на сексуалната индустрија, вклучувајќи бордели, реклами и понуди за работа преку агенции. Проституцијата е широко распространета и регулирана од страна на германската влада, која наметнува даноци за тоа.

Имено, државата во просек годишно заработува околу 6 милијарди евра само од данокот за проституција, што е скоро два пати повеќе од целиот буџет на Р. Македонија.Во 2002 година, владата го смени законот во обид да ја подобри правната положба на сексуалните работници.

Сепак, општествената стигматизација на сексуалната работа продолжува и многу работници продолжуваат да водат двоен живот. Организациите за човекови права сметаат дека најголемиот проблем со проституцијата во Германија е експлоатацијата на жени од источна и југоисточна Европа.

Од 2000 до 2003 година Германија донесе закон за визна либерализација, поради што опозицијата обвинуваше дека тоа ја зголемило трговијата со луѓе, особено со проститутки и тоа најмногу од Украина.

За време на светското првенство во фудбал кое се одржа во 2006 година, властите во Германија шпекулираат дека илегално во земјата влегле околу 40. 000 сексуални работнички од источна Европа. Во април истата година се дигна голема врева околу еден од поголемите бордели во Германија – Pascha – откако се појави реклама со полуголи жени кои позираат со знамиња на разни држави, а истата таа реклама беше и причина за огромен гнев од страна на муслиманското население во Германија поради прикажувањето на знамињата на Иран и Саудиска Арабија.

Сопственикот на борделот, Армин Лобшејд, изјави дека добил сериозни закани за неговиот живот поради оваа реклама, по што морал да ги отстрани знамињата на Саудиска Арабија и Иран, а пак Тунис иако муслиманска земја, сепак нејзиното знаме останало на рекламата.

Значително помал број на мажи нудат сексуални услуги на жени, и тоа најчесто во форма на Escort Service. Најголемиот број на машки проститутки даваат услуги на машки клиенти. Според една статистика се проценува дека само во Берлин има 2500 машки проститутки. Погоре споменатиот бордел Pascha во Келн, има цел кат резервиран само за машки и трансексуални проститутки.

За разлика од Германија, проституцијата кај нас е нелегална но сепак ланецот на проституција одлично функционира по луксузните клубови и хотели особено во главниот град. Девојките најчесто се на возраст од 18 до 30 години, но во последно време се почесто има случаеви на малолетна проституција.

Добро познато е дека елитната проституција е развиена и во нашето Скопје. Многу девојки прифаќаат да бидат т.н. „придружнички“ на одредени бизнисмени, политичари и видни фаци од градот, да им пружат задоволства, па макар и сексуални услуги. Некои од нив се познати старлети, чии секс чини околу 300-500 евра, но и девојки кои за 100-200 евра ви нудат целосно задоволство. Освен скопјанките, во овој круг често се наоѓаат и студентките од провинцијата кои се обидуваат да се изборат за добро место во главниот град, па често посегнуваат по елитната проституција.

Ескорт-проституцијата многу често ја работат девојки што веќе имаат бекап,односно пристојна работа. Како девојки за придружба работат и девојки од естрадата.

Во Македонија е исто така добро позната – Проституцијата за 5 банки – тоа е ефтина проституција, која најчесто ја работат припадничките на ромската етничка заедница и е расадник на мноу заразни и сексуално преносливи болести од една страна, а пак е добра за привлекување на странски секс туристи особено од Грција кои доаѓаат на секс туризам најчесто во Гевгелија и Битола, а не се изоставени и Прилеп, Охрид и Струга.

Актуелно

Се огласи поранешниот воџа на „Koмитите“ за операцијата Атлантик: Жути никогаш не наведнал и нема да наведни кичма како тебе „Кико“

Љупчо Палевски попладнево на прес конференција со јавноста сподели документи и докази за следење на македонски граѓани поради наводен...

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Свети Николе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на Свети Николе. Проследете го во живо неговото обраќање: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/602440627318143/

(Документи) Митовски: Ова е тepористичка држава

Во Македонија се прислушкувале новинари, политичари и активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се легитимира промената на името. За...

120 нови случаи на Koвид 19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4,...

Операција Атлантик

Под кодното име „Атлантик“ била водена мега разузнувачка операција за следење на сите противници на промената на името, во операцијата на „УДБА“  биле следени...

Повеќе вести