Германија оди во едномесечен карантин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потребно е да реагираме веднаш, изјави германската канцеларка Ангела Меркел додавајќи дека клучот за надминување на актуелната „многу сериозна“ ситуација со епидемијата на Ковид-19 е во намалување на контактите со ограничување на штетата врз економијата.

Почнувајќи од понеделник, 2 ноември, приватните собири ќе бидат ограничени на 10 лица од најмногу две домаќинства. Рестораните, баровите, театрите, кината, базените и теретаните ќе бидат затворени, а концертите откажани, јави Дојче Веле.

Професионалните спортски настани ќе се одржуваат зад затворени врати. На граѓаните им се препорачува да не патуваат од приватни или причини кои не се неопходни, а престојот во хотелите ќе биде дозволен само за неопходни деловни патувања.

Училиштата и градинките ќе останат отворени, како и продавниците, со строго почитување на мерките за физичко растојание и хигиена.

Владата ќе обезбеди пакет од 10 милијарди евра помош за фирмите кои ќе мора да затворат или ќе бидат во загуба поради мерките. Помалите фирми, до 50 вработени, ќе добијат 75 проценти од минатогодишните приходи за месец ноември.

Иако досега добро се справуваше со коронавирусот, Германија последните денови почна да бележи рекордни бројки на новозаразени кои може да го доведе до колапс здравствениот систем, предупреди Меркел.

– Нашиот здравствен систем сè уште може да се справи со овие предизвици, но со оваа брзина на инфекции ќе го достигне лимитот на својот капацитет за неколку недели, изјави германската канцеларка.

Здравствените власти веќе сега не се во можност да го следат потеклото на заразата кај 75 проценти од инфицираните, па поради тоа е сè потешко да се развијат соодветни мерки за заштита.

– Некаде мораме да ги намалиме контактите. Ако чекаме подолго, ќе мораме уште повеќе да ги редуцираме контактите, рече Меркел.

ГЕРМАНИЈАКАРАНТИН

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This