October 28, 2021, 6:47 am

Германија се дигитализира: Од денес во примена се возачките дозволи достапни на телефон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од денес во Германија може возачката дозвола да се добие во дигитална форма. Предностите во почетокот ќе се чувствуваат најмногу при користење услуги на car-sharing или при изнајмување автомобил.

Германија денес ја пушти во редовна работа техниката што е неопходна за воведување на дигитална возачка дозвола. За дозволата да биде вчитана во телефонот, потребно е да се користи посебна мобилна апликација. Ова е само почетокот на дигиталната возачка дозвола. Понатаму ќе се воведуваат дополнителни можности и примени.

Сојузниот министер за сообраќај Андреас Шоер изјави: „Дигиталната возачка дозвола пристигна.“ Техниката е пуштена, останува уште примената. „Дигиталната возачка дозвола има потенцијал за значително да го олесни секојдневието на возачите на автомобил. Повеќе нема потреба од сложени видео-проверки на дозволата, како на пример при користење Carsharing или рентакар. Од вчитувањето на апликацијата до поаѓањето останува само едно притискање на дигиталната возачка дозвола“.

До документот се пристапува преку апликацијата „ID Wallet“ (дигитален паричник). Дигиталниот документ е развиен од Министерството за сообраќај во соработка со Сојузната служба за моторен сообраќај и Сојузната печатница. Во првиот чекор ќе може возачката дозвола да се вчита во телефонот. Дигиталната возачка дозвола се издава врз основа на податоците од централниот регистар на Сојузната служба за моторен сообраќај.

Како што информираат од Министерството, моментно се соработува со BMW и Sixt во изработка на апликации за користење на дигиталната возачка дозвола, што се очекува да стартуваат со примена во следните месеци. Понатаму ќе се збогатува обемот на функциите на дигиталната возачка дозвола, сé додека не се постигне целосна важност, исто како за класичната дозвола во форма на картичка.

Германија се дигитализира

Германската влада долго време работи на дигитализација на службените документи. Од средината на мај е започнат пробен проект со Германската Железница, со Lufthansa, Bosch и со ИТ-организацијата на армијата, за тамошните вработени да можат преку апликација да се чекираат во одредени хотели. Според плановите на ЕУ, претстои дигитализација на личната карта, дипломата и други важни документи, што во иднина ќе можат да се приложат со полноправна важност.

Latest News

Се pacпаѓа ли парламентарното мнозинство? Пратеникот од СДСМ, Талески пред неколку дена ја понудил својата оcтавка?

Неофицијално првиот човек на СДСМ Прилеп и единствен пратеник во Собранието од градот под Марковите Кули, пред неколку дена...

More Articles Like This