Германија ќе ги укине санкциите што ги воведе кон Турција

  • July 23, 2018

Германија ќе ги укине економските санкции што ги воведе кон Анкара пред една година, јави „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Берлин забрани извоз на стоки во Турција во вредност од 1,5 милијарди евра како резултат на притворањето на  германски активист за човекови права и пет други активисти, меѓу кои и шефот на „Амнести интернешнел“.

Санкциите ќе бидат укинати во новата фискална година, информирале официјални претставници на германското Министерство за економија.

Покрај тоа, Берлин ќе го олесни и режимот за германските државјани кои патуваат во Турција.

Претходно «
Следно »