ГЕРМАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Западот не треба да ја прогласува Русија за непријател

  • April 15, 2018

По ракетните напади на западната коалиција на Сирија се појави сериозна закана од судир на руски и американски воени системи, изјави претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер во интервју за „Билд“

Штајнмаер смета дека шансите за подобрување на ситуацијата се еднакви на нула ако Вашингтон и Москва не дојдат до взаемно разбирање по сириското прашање.

„Тука е важен првиот чекор и Путин и Трамп пред целиот свет се должни да го направат“, констатира германскиот претседател.

Нападите на западната коалиција на Сирија означија нов почеток „нова фаза во заострувањето на руско-американските односи“, истакнува Штајнмаер.

Прв пат за седумгодини сириската војна стана „сериозна закана на територија на Сирија да се судрат руски и американски воени системи“, предупредува тој.

Според зборовите на Штајнмаер, за во Сирија да завладее мир, потребно е сите спротивставени страни да учествуваат во преговарачкиот процес.

„На крајот на краиштата, ништо нема да се случи без соседите во регионот, но без САД и Русија ништо нема да почне. Светските сили имаат многу поголема одговорност. Ако Вашингтон и Москва не дојдат до взаемна согласност за сириското прашање, шансите за подобрување на ситуацијата во Сирија се еднакви на нула!“, истакна германскиот претседател.

„Несогласувањето кое брзо се засилува помеѓу Русија и Западот предизвикува сериозна загриженост. Меѓусебната доверба на страните практично пресуши“.

„Ние немаме право, без обзир на постапките на Путин, за непријател да ја прогласиме Русија – и самата држава и нејзините граѓани“, додава германскиот претседател.

Претходно «
Следно »