October 30, 2020, 9:13 pm

Германските медиуми му ја завршија кариерата на Борисов: Многумина Бугари имаат чувство дека живеат во мафијашка држава

Поврзано

Расте бројот на mpтви во Турција по paзopниот зeмјотpeс

Бројот на mpтви во Турција расте по paзорниот зeмјотрес. Според последните информации, 12 лица го зaгубиле животот, а 419...

На рекорден број зaболени, се ykинува ПЦР-тестот меѓу Србија, Албанија и Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видео-состанокот на тема „Мал Шенген“, чија...

Двајца тинејџери пронајдени mpтви под ypнатините од зeмјотрeсот во Грција

Двајца тинејџери биле пронајдени mpтви на грчкиот остров Самос, откако зeмјотресот ги погoди Грција и Турција, соопшти денеска службеник...
- Advertisement -

Голем број Бугари сметаат дека живеат во мафијашка држава и ја обвинуваат ЕУ затоа што нејзините пари го стабилизираат корумпираниот режим, пишува германски „Велт ам Зонтаг“ во написот под наслов „Германија го плаќа нашиот отровен систем“.

„Со кого и да разговарате, го слушате истото: Бугарија е контролирана од мрежа исплетена од корумпираната влада и олигарси“, напиша Филип Фолкман-Шлук во репортажата од Софија, пренесува БГНЕС. Тој ги пренесе своите впечатоци за атмосферата на еден од масовните протести. „Некои постери ја покажуваат германската канцеларка Ангела Меркел во пријателска прегратка со бугарскиот премиер Борисов“, напиша новинарот.

Во својата статија, тој истакна дека Бугарите кои протестираат се чудат зошто ЕУ замижува пред проблемите во најсиромашната земја во Унијата. „Многумина се задоволни што некој политичар од Брисел се појавил за да се запознава со безобразието на теренот“, напиша авторот, осврнувајќи се на посетата на германскиот европратеник Даниел Фројнд, кој одржа говор пред демонстрантите во Софија.

За истиот настан пишуваше и Дојчландфунк, каде беше објавено обемно интервју со германскиот европратеник. Во него Фројнд го вели следново: „Во Бугарија значителен дел од европското финансирање прави повеќе штета отколку што носи корист…Тешко е да се види колку пари се загубија поради корупцијата во земјата, вклучително и преку лоша градба, проекти кои беа завршени само пред околу година и пол, но веќе се распаѓаат“, пренесува БГНЕС.

Тој, исто така, обрнува внимание на корупцијата поврзана со европската земјоделска помош за Бугарија, каде средствата главно се наменети за мала група олигарси. „Со европски пари, тие ги откупија нивите. Сега скоро 80 отсто од земјоделското земјиште на земјата припаѓа на околу два проценти од земјоделските компании”, рече Фројнд и додаде дека тие олигарси добиле лавовски удел во европските субвенции. „Тоа значи дека на овој начин не ги штитиме сиромашните, не гарантираме економски развој, парите не се инвестираат, туку се апсорбираат од мала група што ги става во свој џеб“, рече германскиот европратеник.

Даниел Фројнд ја обвинува ЕУ дека не ги користи доволно постоечките инструменти како што се Механизмот за соработка и верификација за да изврши систематски притисок врз Бугарија. Тој посочува дека откако земјата се приклучи на Унијата, притисокот врз неа значително се намали, пренесува БГНЕС

Latest News

(Документи) Ckaндал во новата Bлада: На прв ден во Влада татко и чичко на министер добиле тендер

На првиот ден како министер во владата блиски роднини на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски добиле тендер...

Ѓорчев: Состојбата е kaтастрофална, грaѓаните со живот ги плаќаат нeeфикасните владини мерки

Состојбата е катacтрофална и нема зборови кои што ќе можат тоа да го ублажат, да го разубават или владини мерки какви што не се...

Состојба по општини во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19. Починaти се 5...

Скопје со алaрмантни 13 174 заpaзени, трицифрени бројки во речиси сите други градови во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-420, Куманово-35,...

Црн рекорд: Зapaзени 934 лица од 2.748 тестирани, пoчиналe пет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-420,...

More Articles Like This