ГЕРОВСКИ МУ СОСТАВИ НЕКРОЛОГ НА ЛАЗЕ ВЕЛКОВСКИ: Екс-шефот на БЈБ бил најдобриот човек на светот, ама го следеле „Странски служби“

  • October 26, 2018

Филозофската мисла на Бранко Геровски едноставно тече непрекината, бистра како матниот Вардар, од Вруток до Солун по истата патека по која и ќерката на Лазе Велковски екс-шефот на полицијата, се возеше со полицискиот „Рејнџ Ровер“


Во напад на инспиративна мисла, со која Геровски упорно се обидува да си најде ново дупче каде што ќе може да го затскрие својот задник од купиштата екскреции кои насокоро ќе почнаат да паѓаат наместо дожд, на порталот кој тој го води „Плусинфо“, Геро со сета своја новинарска виртуозност составил еден хвалоспев од неколку стотици зборови. Мислиш, читуља.

Лазе Велковски, чиниш е херојот на модерното време, спасителот, месијата. А, нема врска. Впрочем човекот неколкупати е фатен со „рачето во мед“, само бил од интерес на Црвенковски, а и низа други функционери од други политички партии чиј валкан веш го криел, па правдата некако поспоро го стигнува. Ама ќе го стигне.

И, Геровски, „новинарското перо“ на Заев, решил да го пофали.

Стотици зборови напишани, чиниш на срцето уредничко му се истетовирани. Лазе бил ваков, таков – најдобар.

Ама, види иронија. Лазе исто така бил следен од „странски служби“. Пази мајката. Од жолти комбиња го следеле, и така го стигнале полицискиот „Рејнџ Ровер“ со ќерка му внатре. И ја фотографирале. Греота, а таков професионалец.

„Можеби и затоа е направен многу сериозен, мафијашки обид неговиот пех со „ренџ роверот“ да се искористи како шанса да се „спакува“ сериозен случај, кој ќе означи целосен крах на кариерата на овој врвен полициски професионалец. Организирано е снимање на движењето на службеното возило со неговата ќерка, а во „хендлањето“ на информациите наводно била замешана и странска разузнавачка служба. Јавноста, според очекувањата, се фокусираше на личната одговорност на Велковски, но изостанаа прашања и одговори за тоа кој кого следи и снима во МВР и какви се намерите на тие луѓе. До ден денешен остана нејасно кој и зошто сакаше да „изгори“ еден проверен и докажан полициски професионалец, во кој и државата има вложено многу.“ – пишува Геровски во читуљата за Лазе Велковски.

Кога не би било трагично, би било комично – би рекол еден новопечен коалиционен партнер на Заев, кој исто така херојски, од Шарпланинските села порачуваше дека ќе ја бранел Македонија и дека тој не коленичел пред никого освен пред својот народ и пред Господ. Ама, клекнал пред Грчето кое му плаќало за да го промени името.

Така, стигнавме до тука каде што сме. Со хвалоспеви, на луѓе кои не заслужиле ни плунка да потрошиш.

Претходно «
Следно »