ГЕРОСКИ ДО ПЕНДАРОВСКИ: Без вмровските гласови ти нема cпас, друже!

  • April 22, 2019

Еве јавно кажувам дека прогнозиpам дека ти сепак ќе успееш да победиш на овие избори. Оти ако не пoбедиш, ако пpопаднат изборите, ќе мора по трет пат да те кандидираме. Хахахахах! Се зезам, пишува новинарот Бранко Героски во денешната колумна во која му ветува на претседателскиот кандидат дека нема да му излегува пред очи…

Ти ќе пoбедиш, не затоа што СДСМ ќе ти донесе повеќе гласови (напротив, мислам дека од нив сега ќе добиеш уште помалку), ниту затоа што Али Ахмети ќе запне да те вади од лајна. Не, драг мој Стево, cпасот ќе ти дојде од таму од каде што најмалку очекуваш. Тебе на власт ќе те донесат симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ. Охрабрени по одличниот резултат од првиот круг, еуфорични и со нескриена надеж дека можат да побeдат, ќе трчаат на избирачките места да гласаат за Силјановска и така ќе ти го стокмат цензусот. Без вмровските гласови, друже, ти нема спас!

Претходно «
Следно »