ГИДРА ЗABШРИЛ ЗАД PEШЕТКИ ЗОШТО КАЖУВАЛ ВИЦОВИ ЗА ТИТО: Кога го посетиле во затвopoт, не можеле да поверуваат што гледаат

Поврзано

Бројот 14, ангелски број

Бројот 14 е мешавина на енергии од бројот 1 и бројот 4. Број 1 означува иницијатива, нови проекти, достигнување,...

Внимавајте, и очилата за сонце имаат рок на траење

Научниците од бразилскиот факултет во Сао Паоло, открија дека очилата за сонце имаат свој “рок на траење“. Во истражувањето на...

Што ќе ви се случи доколку еден месец не пиете кафе?

Лео Бабаута е момче кое одлучило да направи експеримент со цел да си го подобри здравјето. За почеток, цел...
- Advertisement -

Драгомир Бојаниќ Гидра е српски актер чија кариера ја одбележа улогата на Жика Павловиќ во филмскиот серијал “Луде Године”. Роден е на 13 јуни 1933 година во Крагуевац, а починал на 11 ноември 1993 година.

Работел во фабриката за конзерви Црвена Ѕвезда, каде се задржал една година. Во тој период започнал да се бави со глума, која го напишала неговиот животен пат. Колегите од Народниот театар во Крагуевац му купиле одело и карта за Белград каде полагал приемен испит на Академијата за театар, филм, радио и телевизија.

Веднаш бил примен и паднал во класата на професорот Раша Павловиќ. Бидејќи професорот знаел дека Гидра нема каде да спие, им рекол на чистачките да му подготват една од просториите во кои ги чувале метлите. Набрзо почнал да игра во театар и во филмови. Следувале голем број на улоги на кои им се посветил и поради нив не дипломирал. На Академијата ја запознал две години постарата актерка Лјилјана Контиќ која ја викал Лјалја. Иако таа по студиите играла во театарот во Ужице и Вршац, нивната врска опстанала. Во 1966 година тие се венчале, а во 1970 година ја добиле ќерката Јелена. Актерот сопругата и ќерката ги прчекал пред породилиштето, а донел и музичари да прослават.

Бил многу приврзан за семејството. Својата ќерка ја крстил во Москва додека бил на снимање за филмот “Свадба”. Јелена исто како и нејзините родители се занимавала со глума. Лјилјана и Гидра се разведувале два пати, но повторно се смирувале бидејќи не можеле еден без друг. Актерката била столб на нивната куќа и ја жртвувала својата кариера за семејниот мир. Тој тоа знаел да го цени и често својата сопруга и ќерката ги водел на снимањата, за да не бидат долго раздвоени. Гидра бил омилен меѓу колегите кои говореле за него дека е “вицкаст глумец со ведар дух.


Ги поддржувал младите актери и им делел совети. Никола Којо во едно интервју изјавил дека во 1986 година Гидра го посетил додека служел вojска. Заминале во кафана, ручале и му дал пари. Му рекол дека дошол оти има некакви обврски, но тоа не било точно. Пристигнал само за да го види него.

Сакал да оди во кафеани и бил голем боем, кој секаде бил дочекан со насмевка. Исто така, познато е дека Гидра бил yaпceн поради кажување на вицеви за Тито. Кога отишле да го посетат во затвopoт, виделе како ги забавува полицajците кажувајќи им ги истите тие вицеви.

Latest News

ДИК вечерва нема да соопшти која партија колку мандати освои

Од обработени 93,96 од падатоците коалиицијата на СДСМ освоила 36,13 отсто од гласовите, а за коалцијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ...

Народот избра обнова, влегуваме во трка за составување на нова влада

Победивме во голем број на општини, во Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Пехчево, Велес, Градско, Охрид, Илинден, Петровец… Факт е дека народот ја посакува...

ВМРО-ДПМНЕ 47 пратеника, СДСМ 47, Левица 2 пратеника

47 пратеника ВМРО-ДПМНЕ, 47 пратеника СДСМ – ова се последните пресметки на ВМРО-ДПМНЕ за бројот на пратенички места освоени според гласовите на денешните парламентарни...

(Видео) Во живо: Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/951003045367651

Ѓорчев: Имаме тесна трка, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја составува новата влада

Имаме тесна трка меѓу коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на Телма. -Факт е дека имаше помала излезност...

More Articles Like This