September 30, 2020, 1:15 am

ГИ ЗАДОЛЖИЈА И НАШИТЕ ПРАВНУЦИ: Власта во заминување ја задолжи државата за нови 500 милиони денари

Поврзано

Колапс во индустријата: Пaд од 9 отсто на индустриското производство во август

Индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи пад од 9,1 отсто, а во периодот јануари...

Колку „заработија“ од Мој ДДВ: Лукаревска, Бочварски, Царовска, Богдановиќ – скенираат

Додека се чека блиц-проектот „Викенд без ДДВ“, повеќето функционери се незаинтересирани да ги скенираат фискалните сметки, но има и...

Цената на горивата останува иста

Регулаторната комисија за енергетика информираше дека оваа недела цените на нафтените деривати ќе остане иста во однос на минатата...
- Advertisement -

Првата аукција на државни записи за 2020 година на износ од 500 милиони денари со рочност од 12 месеци што се одржа денеска во Министерството за финансии е ново зголемување на јавниот долг, рече денеска на прес-конференција дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Според неа, тоа што државните записи се со рочност од 12 месеци јасно укажува дека станува збор за тековно финансирање трошоци.

– Оваа власт во заминување и понатаму продолжува да ја задолжува државата. Повеќе од јасно е дека денешното ново задолжување ќе го зголеми јавниот долг, но она што мене повеќе ме загрижува е фактот дека ние имаме повторно задолжување за нeпродуктивни трошења, потенцира Димитриеска Кочоска.

Таа истакна дека не е инфромирана за денешното задолжување и не се согласува со истото.

– Денес се задолживме за некои трошења кои нема никако да влијаат на поквалитетен живот, ние денес ги задолживме нашите деца за работи кои нема ниту да го подобрат нивниот живот ниту да ја подобрат економијата, наведе Димитриеска Кочоска.

На прашање колку е нето задолжувањето со ова задолжување вкупно и колку пари излегуваат за раздолжување таа рече дека нема никакво раздолжување, а нето има 500 милиони денари нов долг.

Прашана во однос на нова еврообврзница, таа рече дека додека е техничка Влада не би потпишале, образложувајќи дека за толку краток период не би било возможно да се погледнат сите проекти кои би биле финансирани од тие средства.

– Кога имаме еврообврзница јасно треба да ни биде за што се задолжуваме, притоа секогаш мора да се водиме од фактот кога инвестираме да знаеме што инвестираме и какви ефекти имаме, имаме ли додадена вредност од тие капитални инвестиции или не. За еврообврзница дека се многу пари во прашање секогаш не се оди така едноставно за издавање, така да тука сигурно би требало многу подлабоки анализи, подетално да се погледнат сите проекти кои би биле финансирани од тие средства и во овој краток период тоа не е возможно да се направи, рече Димитриеска Кочоска.

Latest News

„Година повеќе, но и мудрост повеќе“: Мицкоски го прослави својот 43 роденден

рестедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва објави фотографија со торта на социјалните мрежи, по повод неговиот 43-ти роденден. „Година повеќе,...

Коронавирусот мутира и станува сѐ поотпорен на мерките за заштита

Новиот коронавирус мутирал од првичната нишка и сега се смета за позаразен, според научниците од Методистичката Болница во Хјустон. Студијата, која се уште не е...

Колапс во индустријата: Пaд од 9 отсто на индустриското производство во август

Индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи пад од 9,1 отсто, а во периодот јануари ‒ август 2020 година, во...

МК „хотел Мериот“, Телма и Заев – тоа е коалицијата

Во интервју кое на социјалните мрежи на големо се коментираше поради непрофесионалноста на водителот, еден долгогодишен новинар постави лош пример како за неполн час...

Поради дефekт дел од Центар ќе остане без вода

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека утре поради дeфект на затварач ф 80 мм., на ул.Филип Втори Македонски ББ (карши Жена Парк), прeкинато...

More Articles Like This