September 18, 2021, 9:12 am

„Ги изгyбив брат ми и татко ми, немам повеќе што да изгубам“: Ибин повика на пpoтест за правда и одговорност за тpaгично зaгинaтите во пожapот во тетовскиот ковид-центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Емши Ибин, очевидец на пожарот во тетовската модуларна болница во кој изгореа 14 лица, меѓу кои и неговите татко и брат уште еднаш се огласи на социјалните мрежи со цел вистината да излезе на виделина и да добијат правда трагично загинатите пациенти.

Ибин, во своето обраќање, уште еднаш повтори дека заканите по живот што ги доби по јавното сведочење за настаните ги пријавил во полиција, но дека нема докази за истите, освен белешката која била оставена на неговиот автомобил.
Ибин уште еднаш појасни за поткупот во болницата, за тоа дека сам набавувал лекови, како и дека модуларната болница ббила без систем за заштита од пожари, без противпожарни апарати, како и дека споредниот влез во објектот бил затворен.

Ибин додава дека нема повеќе од што да се плаши, бидејќи веќе ги изгубил татка си и братот, и нема повеќе што да изгуби и ги повикува сите Албанцим да излезат на 17.09 на плоштадот во Тетово, заедно да побараат правда за жртвите во пожарот и одговорност од виновниците за огромната трагедија.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Земјoтрес синоќа го пoтрeсе Лос Анџелес и околината

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го потресе синоќа Лос Анџелес и околината, објави Американскиот сеизмолошки...

More Articles Like This