ГИ РАЗБИВМЕ МИТОВИТЕ ЗА ДЕБЕЛЕЕЊЕ: Eве како да го забрзате губењето килограми

  • February 3, 2020
  • Коментари

Првото нешто што жените го прават кога сакаат да ослабат е намалувањето калории. Тоа е всушност погрешно, тврдат нутриционистите, кои објаснуваат дека помалку храна не значи и слабеење.

Имено, со намалувањето на внесените калории се забавува метаболизмот, бидејќи во телото се активира механизмот за преживување, па се трошат помалку калории. Нашето тело не знае дека сакаме да ослабиме, тоа мисли дека немаме храна и дека мора да го штеди секој килограм – односно енергетските резерви.

Па така, истражувањата покажуваат дека со трошењето калории се зголемува и уделот на маснотиите во телото.

„Поради тоа, најдобар начин за топење на мастите и губење килограми и намалувањето на количината на храна, на пример менувањето неколку навики или на она што го јадете за вечера“, велат нутриционистите.

Освен тоа, важно е да се фокусирате на забрзување на метаболизмот.

– Потребно е да се изградат мускулите
Телото постојано троши калории за да функционира, а метаболизмот во состојба на мирување е побрз кај луѓето со поголеми мускули. Така и нивните калориски потреби се поголеми, па можат и повеќе да јадат, а и понатаму да останат вити.

Половина килограм мускули во состојба на мирување трошат околу шест калории за самоодржување на ден, додека половина килограм маснотии трошат две.

– Метаболизмот забавува без вода
На телото му треба вода за да ги согори калории, дури и во состојба на блага дехидратација, метаболизмот забавува. Возрасните што пијат повеќе од осум чаша вода на ден трошат и до 20% повеќе калории од оние што пијат едвај околу осум децилитри вода на ден. За оптимална хидратација, треба да испиете чаша вода пред секој оброк, а како додаток, добро е да ја дополните исхраната со овошје и зеленчук, кои содржат голема количина вода.

– Добро е да грицкате
Честите оброци се одличен начин на забрзување на метаболизмот, па затоа можно е луѓето кои постојано јадат нешто, да бидат послаби. Клучно е, притоа, сепак да ги одбирате производите внимателно, па така идеални се грицките како свежо овошје, салати, житарки и протеини, со што помала содржина на шеќер и маснотии. Оптимално е да јадете на секои три до четири часа во помали количини, за да потрошите повеќе калории во текот на денот. Исто така, луѓето кои почесто грицкаат, внесуваат помала количина на храна за главниот оброк, покажале истражувањата.

– Кафето го буди метаболизмот
Кафето делува како стимуланс на телото, ја зголемува концентрацијата и ја дава потребната енергија. Ако го пиете умерено, од две до три шолји на ден, идеален додаток е на диетата, бидејќи го забрзува трошењето калории. За подобри резултати, кафето се пие пред тренинг.

– Зачинете ја храната
Лутата храна и зачини содржат состојки што можат да го забрзаат метаболизмот. Само една лажичка мелени чили пиперчиња можат да го забрзаат, и иако ефектот е привремен, одлични се за дигестијата и за побрзо трошење калории.

– Протеини за повеќе енергија
Телото троши повеќе калории за обработка на протеините одошто на маснотиите и јаглехидратите. Иако е важно да имате разновидна исхрана, кај посебните режими на слабеење, добро е да ги замените јаглехидратите, како тестенини или ориз, со протеини, како што се оние од јајцата, месото и рибите.

Претходно «
Следно »