October 18, 2021, 7:03 pm

Ги y6ил тpитe дeцa зa дa нe бидe caм кoгa ќe ympe – Boзнeмиpyвaчки изjaви нa тaткoтo y6иeц oд Хрватска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Харалд Копиц, австрискиот државјанин, кој живее и работи во Загреб, а кој викендов ја згрози хрватската јавност откако со голи раце ги задавил трите деца, седумгодишните близнаци и четиригодишниот син вчера бил префрлен на Клиниката за психијатрија во Врапче, а потоа бил однесен на распит во криминалистичката полиција.

Овие три дена тој беше во болница, бидејќи и самиот пробал да се самоубие, проголтувајќи повеќе од 100 апчиња.

Тој во полицијата изјавил дека му е жал што останал жив, дека долго време бил без работа, дека должел пари за киријата за станот, дека нема каде да оди, па решил да си го одземе животот, но и животите на трите деца за да „не биде сам кога ќе умре“.

Таткото убиец изјавил и дека доколку има можност и начин, повторно ќе се обиде да изврши самоубиство, исто како што испи повеќе од 100 таблети по убиството на децата.

Обдукцијата на телата на убиените деца е завршена, но се прават дополнителни токсиколошки прегледи за да се утврди како се убиени, со труење со апчиња или гушење. Тројното убиство се случи ноќта помеѓу петокот и саботата, на 24 и 25 септември, во загрепската населба Млинови.

Latest News

Лукашенко: Западот подготвува дивepзија за ypивање на власта во Белорусија

Западот продолжува да се меша во внатрешните работи на Минск со цел промена на владата во земјата, изјави претседателот...

More Articles Like This