November 27, 2021, 10:29 am

Главен на параполициските структури кои вршат поткуп и заплашување во Битола е Васко Ковачевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ е во паника и се поочигледниот пораз сака да го минимизира со поткуп и насилство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во сооштение до јавноста од опозициската партија се истакнува дека параполициски структури како таа во Прилеп, се формирани и во Битола, Охрид, Кочани, а поткуп во првиот круг е вршен и во Крива Паланка, каде неформално главен на групата е Љупчо Николовски.

-Првиот доказ е разговор на активист на СДСМ Новица Груевски со веќе избраниот градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ Сашко Митовски.

Сашко – Нафаќат се пак за 200 евра.

Новица – Тие се од збор ако кажат ДА така ќе биде.

Сашко – Да! Сабајле се договараме.

Новица – З…. ѕверче си.

Сашко – Знаеш дека нема да оставам на случајност ништо.

Новица – Знам и ради тебе веруем дека ќе ги добиеме у Паланка!

Власта ја злоупотребува и Единицата за специјални задачи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Задачата и обуката на овие лица се да се справуваат со урбан тероризам и да се справуваат со екстремни групи. Прашањето е што тие би барале низ градовите во Македонија, каква е нивната улога во Охрид, во Битола и во Кочани?

Групи на доверливи лица за врвот на власта од Единицата за интервенции се пратени од пред 2 дена во цивилна облека и необележани возила на МВР, по една група во Кочани и во Охрид, додека две групи се во Битола, со задача да помогнат на партиските параполициски структури во теророт и поткупот врз населението. Состојбата во Битола е иста како во Прилеп, каде преку вибер групи се давани насоки за следење, малтретирање и шиканирање на неистомисленици, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во Битола главен на овие групации е Васко Ковачевски, а извршители се тројца началници на СВР Битола, Славко Ј. Николче Ѓ. Вангел Б. Додека дел од групата се и Горанче М. Ирена М. и уште десетина други полицајци.

ВМРО-ДПМНЕ за овие активности ќе ги извести меѓународните претставници, но и ќе поднесе соодветни пријави.

Latest News

Од болницата „Пирогов“ отпуштени двајца од повредените во автобуската несреќа

Двајца од граѓаните на Македонија повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од софиската болница „Пирогов“. Како што...

More Articles Like This