ГЛАСАЊЕТО ЗА УСТАВОТ Е НЕЛЕГИТИМНО: Азилот на Груевски од држава на ЕУ, значи дека во Македонија и официјално има режим!

  • November 20, 2018
  • Коментари

Граѓаните со оглед постојаните политички турбуленции во Македонија, од ден во ден стануваат многу подобри аналитичари од платениците на власта, кои анализираат како што ќе им  наредат на Бихачка. Имено главна тема и денеска на социјалните мрежи повторно е Груевски односно одобрението за азил од унгарските власти поради политичкиот прогон кој се случува во Македонија. Твитерџијата под псевдоним ,,Хо Чи Мин #Бојкотира”, анализира дека одобрението за азил на Груевски ќе има огромни политички импликации во Македонија, поради фактот што тоа значи дека во Македонија и официјално има режим. Тој резонира дека ова автоматски ги потврдува сомнежите дека пратениците од опозицијата кои ги гласаа уставните измени се уценети да го дадат својот глас за уставните измени. Твитерџијата на крај потенцира дека гласањето за отворање на  Уставот е негелитимно.

Земја членка на ЕУ – му дава политички азил на Груевски тоа значи и официјална потврда дека во Македонија има РЕЖИМ од власта што автоматски потврдува дека пратениците од опозицијата кои гласале “за” се уценети. Гласањето за отворање на уставот е нелегитимно.

Претходно «
Следно »