ГЛАСИНИТЕ СЕ ТОЧНИ: Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!

  • April 17, 2019

Веќе некое време Сони работи на следната генерација Плеј Стејшн, а конечно ги добивме и првите детали за новиот хардвер.

Поконкретно, Сони ветува дека Плеј Стејшн 5 ќе поддржува графика 8К, 3Д аудио и супер брз ССД а во исто време ќе биде компатибилен и со игрите за Плеј Стејшн 4, кои ни се добро познати.

Според Марк Черни, кој беше главен графички инженер за ПС4, новата верзија не е само надградена на ПС4, како што беше ПС4 Про. За ПС5 се изработи потполно нов хардвер кој вклучува осум јадрен процесор од третата генерација на Ризен, како и специјално надградби што дополнително ќе ја нагласат графиката. Крајниот резултат на сите овие хардверски усовршувања е што ПС5 меѓу другото, ќе подджува 8К графика, секако ако имате телевизир кој има таква резолуција.

Подобрено е и 3Д аудиото во однос на постарите генерации на играта што би требало да го зголеми уживањето при користење и на звучници и на слушалки.

Друга значајна промена е скоро двојно зголемување на брзината

Секако од најголемо значење е тоа што новиот модел целосно е компатибилен со сите постоечки игри за постариот ПС4, што не беше случај со ПС3 и ПС4. ПС4 и ПС5 имаат слична графика која ќе го олесни преминот во новата генерација. Соnи сѐ уште нема објавено дали новите игри че бидат Блу реи или нешто поегзотично.

Сони не откри ништо за дополнителна опрема, што значи дека најверојатно слушалките и сл од ПС4 ќе бидат компатибилни и со новиот ПС5.

Сѐ уште не е објавено кога Плеј Стејшн ќе биде достапен на пазарот, освен дека тоа нема да се случи до крајот на 2019. Токму поради тоа се шират гласини дека тоа ќе се случи следната 2020 година.

Претходно «
Следно »