ГОЛЕМАТА БИТКА НА СУПЕРСИЛИТЕ: Хрватски „Јутарњи Лист“ со анализа за позадината на кризата во Македонија!

  • March 12, 2017

За Москва, Македонија ја има една од најважните улоги при контролата на гасоводот Турски тек. Ако Заев, американскиот фаворит, дојде на власт, сериозно би се загрозиле тие планови. Вака хрватскот весник „Јутарњи лист“ ја започнува нализата со наслов „СВЕТСКИТЕ СУПЕР СИЛИ ВЛЕГОА ВО БИТКА ЗА МАКЕДОНИЈА: Позадината на големата политичка криза во малата балканска земја, кој ќе ги контролира гасоводот и пругата“

jutarnji-640x513

Било кој барем и површно да е запознаен со приликите во Македонија, не е изненаден од постизборната криза која ја тресе земјата од последните вонредни избори. Поранешната најмала југословенска република, сместена на еден од најважните геостратешки правци помеѓу Блискиот исотк и европското тло, според својот етнички состав е повеќе од плодно место за дестабилизација во поширокиот евроазиски простор.

Договор во Тирана

Последните предвремени избори “прогурани“ на мускулите на Европската унија и САД резултираа со минимална победа на ВМРО-ДПМНЕ и досегашниот премиер Никола Груевски, додека социјалдемократот Зоран Заев доби две места помалку во Парламентот (51 наспроти 49). За формирање на влада клучни се албанските партии, со кои Груевски досега успеваше да коалицира, но не и овој пат. Албанците се приклонија кон Заев, но се испречи претседателот Ѓорге Иванов со одбивање на договорот.

Иванов, инаку од ВМРО-ДПМНЕ, не попушта под притисокот на западната дипломатија. Иванов и’ даде “корпа“ на Федерика Могерини, шефица на европската дипломатија, а не паѓа ни пред пораките на западните дипломати. Најкратко речено, претседателот тврди дека не може да се формира влада чии постулати се договорени во трета држава- Албанија, под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама.

Албанските македонски партии тој договор со Зоран Заев го донесоа од Тирана. Тој предвидува широка автономија на албанското население, воведување двојазичност на целата територија и во догледно време веројатно федерализација на државата. Конзервативната струја ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов во тоа гледаат опасност од распад на државата по етничка линија.

Груевски има понуда до Заев, но таа понуда го исклучува договорот од Тирана. Груевски нуди коалиција во која Заев треба да биде новиот премиер, формирање на парламентарно мнозинство од македонските партии со осигурување на сите права кои може да им се понудат на Албанците во рамките на унитарна држава. Втората опција е, Груевски нуди и нови избори: „Ако си толку уверен во својата опција, да излеземе повторно на зибори“, му порача на Заев.

Во меѓувреме се крена „кука и мотика“. Груевски, се чини, успеа да ја мобилизира македонската јавност, дека Заев поради желбата за власт склучил договор со црниот ѓавол за поделба на земјата и во догледно време создавање на Голема Албанија. Неговите поддржувачи веат транспаренти „Не ја даваме Македонија“.

Фаворит на Западот

Четирисет и двегодишниот Зоран Заев е фаворит на Брисел и Вашингтон. Неговата партија е поддржана од целата западна дипломатија, а посебно од американскиот амбасадор Џес Бејли, кого новата администрација на Доналд Трамп го наследи од Обама. Тие веќе се години се обидуваат да го инсталираат Заев на местото на Груевски. За тоа време, Заев е постојано половина чекор зад Груевски. Покрај дипломатската, за Заев има и поддршка преку финансирање на безбројни невладини организација, што пред неколку дена беше потврдено и од „Џудишал Воч“, позната фондација која се занимава со интегритетот и транспарентноста на американската политика.

Во текстот објавен на својот сајт, „Џудишал Воч“ заклучува дека американската влада потрошила милиони долари на даночните обврзници, како би се дестабилизирала демократски избраната влада на десниот центар во Скопје. Американскиот амбасадор Џес Бејли, заткулисно користејќи ги средствата на Соросови организации, го финансирал Зоран Заев. Станува збор за еклатантно кршење на Виенската конценција за дипломатски односи, заклучува „Џудишал Воч“.

Од 2012-та година, за таа цел издвоени се пет милиони долари, додека за периодот од 2016-та до 2021 наменети се уште 12,5 милиони. Станува збор за финансирање на таканаречената Соросова пешадија, бројни левооринетирани организации, кои со тие средства веќе долго време организираат собири на граѓани на македонските улции

„Џудишал Воч“ објаснува дека Владата на Груевски е една од најконзервативните во Европа, со една од најниските даночни стапки. Луѓето од „Џудишал Воч“, очигледно од извештаите, разговарале и со блиски кругови на премиерот Груевски. Оттука и проценката дека македонската власт е трн во око поради одлуката за затворање на мигрантската рута преку својата територија. Според таа теорија, со сета сила Соросовите палтеници учествуваат во оркестрација на миграцијата преку Балканот, па македонското одлучно НЕ е дополнителна причина за дестабилзиација на Владата и активно помагање на другата страна.

Целта на се уште актуелната влада во Скопје секако е елиминирање на амбасадорот Бејли, со дискредитација во круговите на новата администрација на претседателот Трамп. Ако е точна проценката за подземно делување, преку помагање на опозицијата за дестабилизација на земјата, тоа секако не е ништо ново, а се случува во низа земји од источна Европа и Блискиот исток, од падот на Берлинскиот ѕид до денешен ден. Најјасен пример на хибридна војна се цел смена на постоечкото и устоличување на подобно водство пред се’ се Украина и Сирија.

Европската унија како и обично ја следи таа политика. Најголемите европски бирократи како Федерика Могерини и Јоханес Хан веќе се обидоа да го притиснат претседателот Иванов, барајќи да ја признае коалицијата на Зоран Заев, но засега без успех.

Руска визура

Што е ново во македонските турбуленции? Во приказната, овој пат на страната на Груевски доста активно се вклучува руската дипломатија, како и руските интернационални медиуми на англиски јазик. „Спутник“, на пример, тврди дека станува збор за класична хибридна војна против Македонија, која лесно може да прерасне во отворена војна. Според нив, западните сили го користат албанското малцинство да на власт во Скопје ја донесат поразената опозиција и ги загрозат темелите на уставните принципи во Македонија. Наметнувањето на решенија однадвор е спротивно на волјата на гласачите. Уништувањето на македонската држава може да доведе до нова балканска војна, заклучуваат руски коментатори.

Геостратегијата на Путин се смета за пријателска со Владата во Скопје, а тоа е секако Никола Груевски. За Москва, Македонија ја има една од најважните улоги во контролата на јужниот гасоводен систем, таканаречениот Турски тек, кој води до пазарот на ЕУ, од Турција, преку Грција, Македонија, Србија до Унгарија, е еден од стратешките правци за контрола со гасоводниот пазар во ЕУ. Непријателската, американски инсталирана влада во Скопје како онаа на Зоран Заев, сериозно би ги загрозила плановите и токму поради тоа, руската дипломатија е категорично против македонско- албанска коалиција.

Додека Русите праќаат „пораки во целофан“, српските националистички кругови не штедат зборови, Федерика Могерини беше исвиркана во Парламентот, а поддршката која на Заев му ја даваат западни кругови ја нарекуваат почеток на проектот за создавање Голема Албанија. Проектот е во целост војна на ЕУ/НАТО, на чело со САД, против православниот свет на чело со Русија, со последици за можни нови судири на Балканот, Според нив, договорот Заев- албански партии предвидува дури и Србија да биде осудена за геноцид над Албанците помеѓу двете светски војни.

Што сакаат Кинезите?

Но, не се западниот и рускиот блок единствено заинтересирани за прашањето кој ќе биде на власт во Македонија. Ситуацијата внимателно ја следат и кинеската дипломатија и тајните служби. Пекинг во рамките на своите планови да се обнови патот на свилата веќе со години соработува со владата на Никола Груевски.

Македонија е на листата на 16 европски земји важни за планираните транспортни коридори, држена со лесна преговарачка мета, бидејќи не е во ЕУ. Кина, Македонија (и Србија) се поврзуваат и со грчкото пристаниште Пиреј, кое Кинезите го презедоа и многу брзо доведоа до рекордно зголемување на контејнерскиот промет. Во план им е и железничкиот правец од Пиреја, преку Македонија и Србија, до Будимпешта. Не е случајно што кинеските железници веќе со години соработуваат со македонските железници.

Партнери на Кинезите се Русите. Пекинг и Москва заеднички сметаат на истиот коридор, поради што на власта во Скопје сакаат да ја видат пријателската опција, Никола Груевски. Затоа, веројатно додека трае кризата, ќе емитираат пораки дека на Македонците им нудат мир и просперитет за разлика од Западот чија цел е разнебиување на Македонија и создавање на Голема Албанија.

Поради сите овие високопрофитни интереси, во Македонија се’ е можно. Потенцијалниот судир лесно може да се прошири на половина Балкан и да ги вклучи Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, па дури и Грција и Бугарија. И Хрватска на албанска, НАТО-ва страна.

Претходно «
Следно »