ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ГРЧЕЦ: Пронајдена лабараторија за производство на дрога!

  • April 9, 2018

Полицијата во куќа во скопски Грчец открила импровизирана лабораторија за производство на метамфетамини и уапсила државјанин на Чешка, организатор на шверцот на синтетичката дрога, информираше МВР. Во бегство е жител на Грчец, во чија куќа била произведувана дрогата.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единицата за недозволена трговија со дрога, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.М. (36) од Грчец и О.К. (58) од Република Чешка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

-На 3 април врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во куќата на Б.М. во Грчец, кој не бил пронајден дома. При претресот биле откриени повеќе видови на хемиски супстанци кои биле чувани во шишиња, туби и канистри, подигнати и дадени на вештачење. Со вештачењето е утврдено дека станува збор за метамфетамин, бензил метил кетон и псеудоефедрин, како и други прирачни средства за производство на синтетичка дрога. Метамфетаминот е психотропна супстанца, додека бензил метил кетон и псеудоефедрин преставуваат прекурсори за добивање на психотропни супстанции од амфетамински тип на стимуланси, велат од МВР.

Метамфетаминот е познат како „кристал мет“, една од најопасните и најштетните синтетички дроги во светот која го стимулира мозокот, но со нејзино користење се уништвува нервниот систем и по само две години користење може да предизвика смрт. Ова е прва откриена лабораторија за производство на метамфетамини во Македонија, а најмногу се произведува во Република Чешка.

-Во текот на март годинава, Б.М. и О.К. неовластено набавиле материјал и супстанци за произведство на синтетичка дрога, психотропни супстанци и прекурсори, по што во домот на Б.М. ја инсталирале опремата и заеднички започнале процес на производство на синтетички дроги. Полицијата го пронашла О.К. и го уапсила, а судија на претходна постапка му одредедил притвор во траење од 30 дена. По Б.М. се уште се трага, велат од МВР.

Претходно «
Следно »