ГОЛЕМА АЛБАНИЈА, ЗАБЕГАН ПРОЕКТ КОЈ ТРАЕ ВЕК И ПОЛОВИНА: Тирана и Приштина го оживуваат вековниот план за формирање на национална држава!

  • April 24, 2017

Идејата за Голема Албанија постои 140 години, а од неа Aлбанците не отстапуваат ниту денес. Неодговорните изјави на албанскиот премиер Еди Рама  и Претседателот на Косово Хашим Тачи, заедно со военохушкачката порака на претседателот на општина Бујановац- Јонуз Муслију, ја повампирија наизглдед само заспаната идеја  која за првпат се споменува 1878 година, на собирот на Арбанас во Призрен.

vesnik_golema_albanija

Тие се собраа за да не дозволат муслиманските области да припаднат на балканските земји, бидејќи по војната со Турција, руската војска дојде до Цариград, а Отоманската империја изгуби власт во овој регион. Арбанасите не беа избрани од народот , туку биле бегови  кои немале национална свест, ниту зборувале на ист јазик, бидејќи албанскиот јазик не постоел.. Користеле грчки и турски зборови и латиница, а немале и национална политика -истакнува историчарот Чедомир Антиќ.

-Но тие арбанаски лица се залагале за обединување на сите муслимански области, од јужна Албанија и Јањина, преку денешна северна Албанија( Скадар, Тирана, и Елбасан)делови од Македонија ( Скопје, Дебар, Гостивар, Прилеп, Велес, Битола и Охрид) до Косово со делови од Србија и Македонија( Печ, Ѓаковица, Призрен, Нови Пазар, Митровица, Сјеница, Приштина, Гнњилане, Прешево и Куманово).

Модерна Албанија настанува во 1912 година, и тоа благодарение пред се на Австроунгарија. Еден од клучните стратешки интереси на Виена, било под нивна контрола да биде албанскиот простор, за да се спречи јакнењето на балканските земји и оневозможување на ширењето на влијанието на Русија.

– Виена да не го направеше тогаш тоа, денес улогата на Албанците на Балканот ќе беше слична на улогата на Бретонците во Франција, или Велшаните и Шкотите во Велика Британија –  нагласува Антиќ.

По рушењето на Германија во Втората светска војна се обновува Албанија  од предвоените граници, а на Југославија и се враќаат териториите анектирани во текот на војната. Со доаѓањето на комунистот Енвер Хоџа на власт во Албанија, повторно се оживува мегаломанскиот план  за голема Албанија, кој дополнително се засилува со распадот на СФРЈ и создавањето на лажната држава Косово.

Моментално имаат две држави на Балканот и една консензуална во Македонија, како и важно влијание во Црна Гора. Ако за Србија и Грција не е проблем да останат без дел од територијата, се поставува прашањето што ќе биде со Македонија и Црна Гора. Проектот Голема Албанија ги опфаќа и Подгорица и Скопје, но и многу области каде што албанците не се ниту 10% од наелението- објаснува Антиќ.

 

Блиц

 

 

Претходно «
Следно »