ГОЛЕМА АНТИТЕРОРИСТИЧКА АКЦИЈА НА МВР

  • July 9, 2016

Продолжува операцијата „Келија“ против лица кои биле дел од синџирот на Исламска држава, дознава КУРИР.

kelija

Како што дознава КУРИР од полициски извори, врз основа на добиени Наредби за претрес на дом од страна на Судија на претходна постапка во врска со КД “терористичка организација” од чл.394 ст.2 од КЗ, извршени се вкупно 7 претреси од кои 6 во Скопје  и 1 во Тетово кај вкупно 6 лица.

Според инфомрациите до кои дојдовме, за време на претресите 4 лица се обезбедени и тоа Б.Г., Ф.И., Е.У. од Скопје и М.М. од Тетово, 3 лица не се достапни, од кои за 2 лица С.Р. од Скопје и С.И. од Куманово, постојат оперативни сознанија дека моментно се наоѓаат во Сирија.

Дополнително,  за лицето Б.С. од с.Арачиново постојат оперативни сознанија дека се наоѓа на територија на град Скопје.

Како што дознаваме, од извршените претреси досега пронајдени и одземени се компјутери, мобилни телефонски уреди, усб мемории, ЦД дискови, патни исправи.

Претходно «
Следно »