ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА ВО БОЛОЊА: Голема експлозија во близина на аеродромот во Болоња, двајца загинати, 60 повредени (видео, фото)

  • August 6, 2018

Две лица загинаа, а 60 беа повредени кога се случи голема експлозија во близина на аеродромот во Болоња, објавуваат италијанските медиуми.

Италијанската полиција вели дека имало голема експлозија на автопатот во близина на аеродромот во Болоња.

Корисниците на социјалните мрежи објавија фотографии и видео снимки од голема експлозија што се случи во близина на аеродромот во Болоња.

Акцијата за спасување на пожарникарите е попречена од многу високи температури. Поради експлозијата, еден од надвозниците околу аеродромот делумно се урна.

Голем број луѓе беа повредени кои се наоѓале на автопатот во своите автомобили поради експлозија.

Според порталот “Ил ресто Дело Карлино”, причината за инцидентот може да биде сообраќајна незгода. Најверојтно експлодирал резервоар со запаливи супстанции на цистерна и запалил други возила.

Претходно «
Следно »

loading…