ГОЛЕМА НЕСРЕЌА ВО ИТАЛИЈА: Во Рим пред натпреварот Рома и ЦСК Москва откажал ескалатор во метрото кон стадионот

  • October 23, 2018
  • Коментари

На социјалните мрежи се пуштаат видеа од голема несреќа во Италија во која има над 25 повредени навивачи на ЦСК Москва од кои 5 се со сериозни повреди.

Италијанската агенција АНСА објави дека дваесеттина навивачи на рускиот тим ЦСК од Москва биле на подвижните скали во подземната железница во центарот на Рим и најверојатно под дејство на алкохол скокале по истите, со што предизвикале откажување на механизмот кој ги движи скалите.

Според потпаролот на италијанската служба за цивилна заштита повредени се повеќе од 20 навивачи од кои 5 се во критична состојба.

https://www.instagram.com/p/BpSQ0FbiqQ3/?taken-by=casualultra

 

Подготвил:

Борислав Стоилковиќ

Претходно «
Следно »