ГОЛЕМА ОПЕРАЦИЈА ВО СИРИЈА: Чиј систем го собори рускиот СУ-25?

  • February 4, 2018

На местото на ликвидација, одредот на терористи кои вчера со противвоздушен ракетен комплекс соборија руски авион Су-25 во Идлиб се наоѓаат сириски специјалци, пренесува за Спутник пратеникот во Државната дума Виктор Водолацки


„Таму каде се наоѓал одредот со противвоздушниот ракетен комплекс кој го ликвидираа Воздушно-космичките сили во овој момент се наоѓаат сириските специјални сили. Ако се пронајдат елементи на овој комплекс, на основа на бројот и потеклото во наредните денови ќе знаеме од каде истиот е пристигнат, од која фабрика и како бил испорачан“, рекол за Спутник Водолацки, повикувајќи се на сопствени извори.

Рускиот парламентарец наведува дека таму се активни и воздушно-космичките сили на Русија.

„Ние од воздух ја покриваме операцијата на сириската војска“, објаснува Водолацки.

Рускиот авион СУ-25 е соборен вчера во сириската провинција Идлиб, пилотот се катапултираше, но загина во борба со терористите. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека авионот е соборед од движечки ракетен комплекс. Подоцна е соопштено дека повеќе од 30 терористи се ликвидирани во групен напад на руските сили во областа во провинцијата Идлиб, која е под контрола на Ал Нусра фронт и од каде е лансирана ракетата.

Претходно «
Следно »