ГОЛЕМА ПРОСЛАВА ВО ВТОРНИК: Градот Скопје ќе организира голем и достоен пречек за европскиот шампион „Вардар“!

  • June 4, 2017

Вардар ја испиша ракометната историја на Македонија, Вардар со најсветли букви се запиша во меморијата на секој Македонец. Големата победа и европска титула на нашиот најголем ракометен бренд ги собра граѓаните на плоштадот Македонија, каде тие во голем број ја славеа оваа победа.


Еден од оние кои прославија на плоштадот беше и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, тој во изјава за Курир кажа дека ракометарите на Вардар се навистина наши херои, како и дека оваа победа значи за сите граѓани на Скопје, но и на Македонија.

-Оваа победа многу значи за граѓаните на градот Скопје, мислам дека и за граѓаните на Република Македонија. Вардар покажа дека е навистина вистински клуб, градот Скопје веруваше во Вардар, вложуваше во Вардар. Јас пред се би сакал да им честитам на играчите на Вардар, сите оние кои што навистина се наши херои, на раководството на Вардар, на тренерите на Вардар, на менаџерскиот тим, секако и на луѓето кои што еве покажаа дека го сакаат Вардар, дека сакаат победи и покажаа дека Македонија може да има шампион, кој што е европски шампион во ракомет, изјави Трајановски за Курир.

Тој кажа дека градот ќе организира достоен пречек за нашите херои, каков што и тие заслужуваат.

Во вторник кога ќе дојдат ракометарите, ќе ги пречекаме уште на аеродром, па се овде до плоштадот кај што ќе биде главната прослава. Мислам дека ќе има многу луѓе и мислам дека заслужуваат дочек достоен на шампион, на европски шампион, изјави Трајановски.

Претходно «
Следно »