ГОЛЕМИ KOHTPAДИКТОРНОСТИ: Cвeдоците на СЈО Виолета Димитровска и Оливера Димчова повторно со контpaдикторни ставови за „Титаник“

  • November 8, 2019

На денешното рочиште за случајот Титаник сведоците на Лиле Стефанова, Виолета Димитровска и Оливера Димчова изнесоа контрадикторни ставови во судницата. Виолета Димитровска изнесе период на работење април 2014-април 2015 што е целосно различен период за кој се однесува обвинителниот акт, а тоа е октомври 2012-март 2013 година. Понатака, сведокот Димитровска кажа дека не добила никаква јасна наредба за вршење незаконски дејствија туку потенцира дека го почитувала законот за државјанство и останатите прописи. Во текот на сведочењето, Димитровска три пати смени став во вкрстените прашања на одбраната по однос на тоа дали постапила или не по некаков законски исклучок од постапката за добивање македонско државјанство.

Сведокот Оливера Димчова, пак, која во предметниот период на случајот била советник за издавање на лични карти и пасоши не знаеше колку наводно спорни документи биле издадени. На прашањето на одбраната дали имала директни средби со двајца од обвинетите истакна дека немала. На прашањето пак дали воопшто ја проверила наредбата од претпоставената Гулевска дека насоката за вадење на личнк карти ја добила од Кабинетот на министерот одговори: Не, слепо и верував на Јадранка, дека добила насоки од погоре.

Овие сведочења се контрадикторни сами по себе и се разликуваат од сведочењето на претпоставената Гулевска. Сведоците иако споменуваат исклучоци во работењето, потенцираат дека целиот работен век постапувале согласно законските процедури.

Никој од нив во предметниот период согласно со Законот за државни службеници не пријавил нити пак постапил спротивно од евентуални наредби за незаконско постапување. Судењето продолжува со останатите сведоци.

Претходно «