September 18, 2021, 9:11 am

Големо научно откритие: Откриена големината на астероидот кој ги збриша диносаурусите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Безброј живи суштества исчезнаа од Земјата откако нашата планета беше погодена од астероид во периодот на креда пред приближно 60 милиони години.

Астероидот ја погоди Земјата недалеку од денешниот полуостров Јукатан, а научниците открија дека многу суштества во тоа време биле убиени од цунами од страшни размери, кое уништило и дел од американскиот брег.

Научниците открија огромни брановидни формации под површината на земјата во центарот на Луизијана, што сугерира дека споменатиот астероид предизвикал огромно цунами.

Според последните резултати од истражувањето, цунамито било високо 1,6 километри, објави Спутник Интернешнл.

Научниците дошле до ова откритие анализирајќи го подземниот слој на почва на длабочина од околу 1.500 километри и таму откриле добро сочувани и фосилизирани брановидни формации на почва со интервали до 800 метри.

Според геофизичарот Гери Кинсленд, ориентацијата на овие мега-бранови структури се совпаѓа со теоријата за удар што го создаде кратерот во близина на полуостровот Јукатан.

„Водата беше толку длабока што штом помина цунамито, обичните бури не можеа да го нарушат она што беше таму долу“, рече Кинсленд.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

ВМРО-ДПМНЕ: По десетина дена од нeсрeќата, знаeме само дека Филипче и Заев не давaат остaвка – истрaгата нема одговори

И по десетина дена од несреќата, знаеме само дека Филипче и Заев не даваат оставка, додека истрагата нема одговор...

More Articles Like This