ГОЛЕМ БЕЗБЕДНОСЕН СКАНДАЛ НА ПОВИДОК: ДБКИ му дала безбедносен сертификат со степен „Државна Тајна“ на Сашо Ордановски!

  • January 31, 2019

На повидок е огромен скандал по откривањето на информацијата дека новинарот Сашо Ордановски, еден од омилените новинари на СДСМ и апологет на власта, поседува безбедносен сертификат со степен Државна Тајна, издаден од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Се уште е нејасно по која основа Ордановски го добил безбедносниот сертификат со највисок степен на тајност, односно кој побарал да му биде издаден таков сертификат и за каква цел?

Според Законот за класифицирани информации, барањето за издавање на безбедносен сертификат, поднесуваат одговорните лица во државните органи, органите на единицата на локалната самоуправа, јавните претпријатија, јавните установи и служби, како и во други правни и физички лица.

Токму заради оваа одредба, останува мистерија како Сашо Ордановски го добил сертификатот, односно која институција побарала да му се издаде овој сертификат.

За појаснување, безбедносен сертификат обично добиваат лицата кои работат безбедносно чувствителни работни обврски, најчесто во делот на безбедносниот сектор. Како тогаш, новинар од калибарот на Ордановски, добил пристап до најдобро чуваните и најважните тајни на Република Македонија?

Дали при издавањето на сертификатот биле испочитувани законските одредби и за што му е потребен сертификатот на Ордановски? Ова е уште еден од низата скандали кои го следад директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески, со чие име во јавноста веќе се поврзуваат огромен број безбедносни скандали.

Оваа информација, доплнително го подгрева coмнeжот дека „1ТВ“ во која Орадновски е вработен како уредник се користи како алатка за peкeтиpaњe на успешни бизнисмени и политичари во земјата, особено по неодамнешниот скандал во кој од телевизијата соопштија дека ќе објават досие за Зоран Азманов, а во врска со истрага на Финансиската полиција која е во тек, за која и самиот Азманов не бил запознат.

Прашањето останува отворено, дали токму Ордановски со помош на власта успеал да добие безбедносен сертификат за пристап до документи од класифицирана природа со цел нивна злоупотреба во комерцијални цели за телевизијата?

Претходно «
Следно »