ГОЛЕМ БРОЈ НА ГРАЃАНИ НА СРЕДБА СО КОНЕВСКИ И ТРАЈАНОВСКИ: Граѓаните заинтересирани за понудата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ!

  • September 7, 2017

Победничка атмосфера се гледа во ВМРО-ДПМНЕ, посебно на средбите кои градоначалниците  ги имаат со граѓаните. Голем број граѓани доаѓаат на тие средби, каде ги кажуваат своите барања кои ги имаат до нив за следниот мандат.

Денеска голем број граѓани се собраа во скопската населба Мичурин на средба со градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски и на Општина Аеродром, Ивица Коневски.

 

 

На денешната средба беше разговарано за направените проекти во општината, за проектите на кои се работи во моментов, како и за проекти кои треба да следат во иднина.

 

Граѓаните изразија благодарност до двајцата градоначалници за она што досега го имаат направено во Аеродром. Како што кажаа велат тие откако се градоначалници Трајановски и Коневски, Аеродром сосем го смени својот изглед, изградено е многу и денес оваа општина е една од најубавите и најпривлечни за живеење за многу луѓе.

 

 

Покрај за она што веќе е реализирано или е во завршна фаза, граѓаните до Коневски и Трајановски даваа и свои предлози и сугестии за следни проекти кои според нив се потребни во населбата Мичурин. Како што велат тие според досегашното искуство со работата на градскиот и таткото на општината, сигурни се дека тие проекти ќе бидат исполнети.

Инаку, покрај големиот број граѓани на средбите со градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, победа на локалните избори предвидуваат и испитувањата на јавното мислење на граѓаните. Анкетите на институтот „Павел Шатев“ покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде до голема победа на претстојните локални избори.

37.8 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Доколку следната недела има избори, гласот за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 26.7 отсто од испитаниците, а 18.8. за СДСМ.

На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно «
Следно »