ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БЛИЗИНА НА СТРУМИЦА: Пожар на влезот на Василево

  • April 9, 2018

Пожар на влезот во индустриската зона на магистралниот пат Струмица- Радовиш, на клучката кај селото Василево избувна денеска. Според непотврдени информации, гори салон за мебел.

Во близина на салонот се наоѓа и бензиска пума која засега не е зафатена од огнот. Огнените јазици и црниот чад можат да се забележат од огромна далечина.

Неколку возила на противпожанатра единица од Струмица го гаснат пожарот, а засега патот кај клучката за Василево е прооден.

Фото: МИА

Претходно «
Следно »