ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ТИКВЕШИЈАТА: Горат 30 хектари лозови насади, трева и нискостеблеста шума во неготинско!

  • August 3, 2016

Пожар избувнал попладнево околу 16 часот близу неготинското село Курија.

pozar_lozovinasadi

Командирот на територијалната противпожарна единица од Неготино, Иле Илиев информира дека се обидуваат да го локализираат пожарот кој има зафатено околу 30 хектари трева, меѓи, како и лозови насади.

Како што посочи тој огнот се движи кон Гоцева шума и се прават напори да не се дозволи да биде зафатена шумата и да не дојде до поголеми последици.

Во гаснењето учествуваат три возила и седум пожарникари, а на помош е и едно возило и неколку вработени од подружницата на „Македонски шуми“ од Демир Капија. Најавена е и дополнителна помош.

Претходно «
Следно »