December 9, 2021, 9:13 am

Голем шумски пожар беснее над село Белица бродско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од вчера попладне активен е голем шумски пожар над село Белица бродско. Од огнената стихија зафатена е борова шума и поради тешко пристапниот терен, постои опасност од негово проширување.
– Веќе втор ден над село Белица бродско беснее голем шуски пожар. Опожарена е површина обрасната со борова шума и поради тешко пристапниот терен е, речиси невозможно да се интервенира од земја. Причината за овој пожар се уште не е утврдена, но се работи за човечки фактор или гром кој го поттикнал овој пожар, рече Живко Силјаноски, градоначалник на Општина Македонски брод, најавувајќи скорешна интервенција на пожарот со авионите од Дирекцијата за заштита и спасување.
-Поради тешко пристапниот терен и големата одалеченост, невозможно е од земја да се интервенира на овој пожар. Затоа стапивме во контакт со Дирекцијата за заштита и спасување , тие да интервенираат од воздух со авионите со кои располагаат за гасење на пожари на тешко пристапни терени, додава градоначалникот

Latest News

Народна банка демантиpa: Курсот на денарот е стабилен

Погрешни се информациите дека е покачен курсот на еврото, реагираа од Народна банка по објавите кај дел од медиумите,...

More Articles Like This