December 6, 2021, 6:07 am

Горан Момировски вечерва ексклузивно гостин на Инфомакс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва ексклузивно на Инфомакс ќе гостува новинарот на телевизија Алфа и водител на емисијата „Заспиј ако можеш“, Горан Момировски.

Со него ќе разговараме за актуелни теми и прогонот кој го врши власта лично кон него и кон телевизија во која работи.

Емисијата ќе се емитува вечерва на официјалната Фејсбук страница на Инфомакс со почеток во 20:00 часот.

-Кога новинарите и редакциите се прогласуваат за државни непријатели, тогаш бидете сигурни дека живеете во диктатура која тежнее кон едноумие.

Кога новинарите и редакциите пак се цел на прогон, малтретирање и затварање, тогаш бидете сигурни дека таа диктатура е пред својот крај.

Вечерва во 20.00 часот, со Goran Momiroski за прогонот, заканите за затворски казни, притисокот врз АлфаТВ и падот на режимот на Инфомакс.

Следете не, напиша уредникот на Инфомакс, Александар Митовски на Фејсбук.

Latest News

Огромен астероид ќе влезе во орбитата на Земјата следната сабота

Огромен потенцијално опасен астероид, поголем од Ајфеловата кула, ќе влезе во орбитата на Земјата на 11 декември, објави американската...

More Articles Like This