ГОРАН СУГАРЕСКИ СЕ ПРАВИ НЕДОВЕТЕН?: Министерот за транспорт и врски ги убедуваше граѓаните дека СДСМ не ветиле 600 километри автопат, програмата на СДСМ кажува друго!

Поврзано

МВР работи на откривање на хaкepитe кои вчера го пaднaa сајтот на ДИК

Покрај падот на сајтот на Државната изборна комисија ДИК и на Тиме.мк, вчера во текот на денот во траење...

Хакерски напади и неконзистентноси – на кого вчеравечер му пречеше вистината?

Во текот на вчерашниот ден веб страницата на Инфомакс беше мета на масовен хакерски напад, напад кој чини на...

(Фото) Хaocoт во ДИК не застанува – ДУИ “згазиле” и во Демир Хисар каде нема Албанци?

Сајтот на ДИК повремено не работи и ден после изборите. Во текот на утрово и ТВ21 направи проверка, и...
- Advertisement -

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески негира дека неговата партија на последните избори ветила изградба на 600 километри автопатишта низ Македонија, иако ова ветување е едно од најистакнатите во фамозната програма која требаше да донесе живот во Македонија.

Во неговото последно гостување на ТВ 1, тој излезе со тврдење дека во предизборната програма на владејачката СДСМ, насловена како “План за живот во Македонија”, не била ветена изградба 600 километри автопат.

Сугарески на гледачите им сугерира да ја погледнат предизборната програма на СДСМ и одговорно тврди дека таму нема вакво ветување.

– Одма на почеток би сакал да кажам дека 600 километри автопат, ако ја погледнете изборната програма и на СДСМ и на Владата ќе видите дека не се 600 километри автопат. Ветено е дека ќе се изградат 600 километри автопати, експресни патишта, магистрални, регионални и лолакни патишта- рече Сугарески за ТВ 1.

 

Доколку го послушаме советот на Сугарески и ја погледнеме предизборната програма на СДСМ, на 74-та страница јасно може да видиме дека е ветена изградба на овие 600 километри автопат.

Во програмата, која може да се види на следниот линк, стои дека ќе се изградат 600 километри автопат во наредните 10 години. Во исто време, регионалните, локалните и магистралните патишта кои сега Сугарески ги става во ист кош со автопатите, се јасно издвоени. Се ветуваат 550 километри регионални и магистрални патишта и 1000 километри локални патишта.

Дека Сугарески од скоро престанал да ги гледа фамозните 600 километри автопат, потврдува и неговата дебата на Телевизија 21 со ексминистертот Владо Мисајловски, во која тој рече дека е точно оти ветиле дека ќе изградат автопатишта со оваа должина, но не можеле тоа да го направат веднаш.

 

Истото ветување, кое сега Сугарески го негира, пред изборите на прес конференција го презентираше и премиерот Зоран Заев.

-Во планот за живот во Македонија, испланиравме нови 600 километри автопати, 550 километри магистрални и 1.000 километри локални патишта.Само во првите 2 години ќе вложиме 600 милиони евра за изградба на патишта. На мапата може да ги погледнете главните патишта кои планираме да ги изградиме и реконструираме. – рече Заев пред парламентарните избори кои се одржаа на 11 декември 2016.

Пред изборите ни ветуваа, откако се на власт дел од ветувањата ги заборавија а еве за некои од нив велат дека никогаш не ни ги дале. Во изминатите 26 години не е реткост политичарите да ги заборават ветувањата кои им ги дале на граѓаните, но, Сугарески направи преседан со негирањето дека воопшто го дал ветувањето.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

МВР работи на откривање на хaкepитe кои вчера го пaднaa сајтот на ДИК

Покрај падот на сајтот на Државната изборна комисија ДИК и на Тиме.мк, вчера во текот на денот во траење...

Хакерски напади и неконзистентноси – на кого вчеравечер му пречеше вистината?

Во текот на вчерашниот ден веб страницата на Инфомакс беше мета на масовен хакерски напад, напад кој чини на црниот пазар илјадници евра. Хакерскиот...

Маж влетал со ceкиpa во дaнoчнa cлyжбa во грчкиот град Козани и пoвpeдил три лицa

Од засега непознати причини, во даночната служба во грчкиот град Козани, влетал маж и со секира им нанел повреди на тројца службеници, додека пак...

(Фото) Хaocoт во ДИК не застанува – ДУИ “згазиле” и во Демир Хисар каде нема Албанци?

Сајтот на ДИК повремено не работи и ден после изборите. Во текот на утрово и ТВ21 направи проверка, и забележа некои чудни резултати. Според нив...

Гувернерот на Оклахома пoзитивeн на Koвид-19

Гувернерот на американската сојузна држава Оклахома, Кевин Стит изјави дека е позитивен на новиот коронавирус. Тој е прв лидер на една американска држава, за кој...

More Articles Like This