ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Сè што сме правеле во животот, сè што сме читале, пишувале, сонувале, било врзано за Република Македонија

  • April 11, 2019

Ги учам студентите дека изборите се начинот на кој се решава прашањето на легитимитетот.

Но сегашната власт е веќе одамна веќе делигитимирана, оти кршењето на Уставот и законите значи делигитимирање. Ако сакате референдумот, промената на кривичниот законик, одлуката за референдумот, законот за амнестијата, сè се тоа акти на кршење на Уставот и законите. Она што го сторија, а немаа легитимитет за тоа, е промената на името.

Единствената промена што ја направија директно не засега сите нас. Бол но, стр ашно бидејќи сè што сме правеле во животот, сè што сме читале, пишувале, сонувале, било врзано за Република Македонија. Никој нема право, нема мандат, ако на изборите во изборната програма не го нотирал тоа дека ќе го прави, потоа да го спроведува. Тое е она што го велиме – теорија на мандатот, но тие немаат ниту поим што значи тоа, истакна кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на митингот во Кисела Вода, кој е во тек.

Претходно «
Следно »