„ГОРД СУМ ШТО ЌЕ БИДАМ ТРЕНЕР НА ВАРДАР“: Нов Шпанец на клупата на „црвено-црните“!

  • June 11, 2019

Шпанската „серија“ на клупата на европскиот првак Вардар продолжува да трае, откако клубот потврди дека Шпанецот Давид Хосе Писонеро (46) ќе биде стратег на клубот во следните две години. Тој ќе је преземе екипата на „црвено-црните” летово и ќе ги води вардарци во одбрана на европската титула.

Писонеро доаѓа од Ваљадолид, Шпанија каде беше тренер последниве две сезони. Претходно бил играч 12 години, од што девет сезони како дел од Ваљадолид, Кантабрија и Адемар Леон.

Како тренер почнал во Ваљадолид и му бил и тренер на Фернандо Хернандез. Во помладите категории бил првак на Шпанија со кадети и младинци. Бил и со репрезентацијата на Шпанија како дел од младинскиот тим на СП 1993 година во Египет.

Како играч двапати го ocвои Купот Асобал со Кантабрија и Валјадолис, и неколкупати бил вице-првак во неколку натпреварувања, вклучувајќи го Купот на ЕХФ и Купот на градовите, и тоа двапати со Валјадолид. Со Сантандер го освои клупскиот светски куп во 1997.

Од активно играње се откажа во мај 2003 година на 30 годишна возраст поради повpeда

„Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите, изјави Давид Хосе Писонеро.

Претходно «
Следно »