ГОРИВОТО СТИГНА ДО 70 ДЕНАРИ ПО ЛИТАР:Граѓаните лути на власта

Поврзано

ЌЕ ИМ ЛЕГНАТ ПО 100 ЕВРА НА СМЕТКИТЕ – еве која држава и како им помага на граѓаните

Во Србија од денеска почнува исплатата на паричната помош во висина од 100 евра во динарска противвредност, за сите...

Граѓаните реагираат за невообичаено високи сметки за струја

Пролетни сметки со суми како за зимските месеци. На драстично повисоки сметки за струја во ек на здравствена и...

ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ СЕ СТОКМЕНИ ЗА БОГАТИТЕ?: Новиот пакет мерки за помош на економијата се краткорочни и еднорочни мерки кои се проблемaтични по повеќе основи

Новиот пакет мерки за помош на економијата се краткорочни и еднорочни мерки кои се проблематични по повеќе основи, смета...

Граѓаните од денеска добија нова празнична честитка – драстично поскапување на горивата. Како никогаш до сега за прв пат бензинот стигна до 70 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Се зголеми цената на дизелот, мазутот и на екстра лесното масло за домаќинствата.

ЕУРОСУПЕР 95 се зголеми за два дена, 98-цата и дизелот поскапеа исто за 2 денари за литар, а порасна и цената на мазутот – сега за килограм ќе чини 30,037 денари. Граѓаните бесни на низата поскапувања. Велат новиот ценовен шок со бензините не е добро да се случува постојано, а камо ли за време празници.

 

Колку за споредба ако во декември лани, дизелот се продавал за 55 денари за литар, сега цената е зголемена на 62 денари, што е поскапување од 7 денари за само четири месеци.

Дека задолжувањето го проби плафонот и психолошката граница е надмината, се огласија и од опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за прв пат во Македонија јавниот долг надминал над 5 милијарди евра, а државниот преку 4 милијарди. Според Владимир Нелоски економијата тоне, а државата на раб на банкрот.

– Ова црно економско трио за само три месеци од 2018 година успеа да ја задолжи државата и граѓаните за дополнителни 300 милиони евра. За толку е пораснат и државниот и јавниот долг од крајот на 2017-та година до крајот на март 2018 година. Тоа е задолжување од над три милиони евра на ден. Три милиони евра дневно за покривање на расипништвото на криминалниот картел во владата. Клептоманите и измамниците во владата ветуваа независен фискален совет кој ќе го запрел непродуктивното трошење и задолжувањето. Замислете што ќе се случеше ако не го ветеа? Ќе ни влегуваа по дома и ќе не ограбуваа, изјави Владимир Неловски.

Во меѓувреме, според Статистика, платите на граѓаните се намалуваат, а трошоците за живот растат. Просечната плата во февруари е помала за 867 денари од платата во јануари. Тоа значи дека само еден месец траеше вештачката еуфорија на власт за висината на просечната плата, што е пад за 3%, а граѓаните живеат полошо од пред една година.

Одлуката на владата за повисоките давачки за нафта, предизвика и пораст на крајната цена на дел од производите. Најпогодени во целата ситуација се граѓаните, врз кои падна најголемиот товар од кои се плашеа, кој директно им удри врз и онака празниот џеб.

Инаку, бранот поскапувања почна од 1 јануари годинава како новогодишна честитка, со зголемување на акцизата на нафтата за 3,5 денари.

Извор: Алфа

Актуелно

ДО КОГА ЌЕ ГО ПУШТАТЕ ДЕВОЈЧЕТО ДОМА РАСПЛАКАНО?: Заев ја oбвини Нина Групер за лошата состојба на буџетот

Планира ли Зоран Заев да ја пyшти низ вода министерката за финансии, Нина Ангеловска? До кога ќе го пуштате...

СКАРАНИ СО ЛОГИКА, ОЧИГЛЕДНО ГИ СОВЕТУВА ЗАЕВ: Поради непочитување на мерките Комисијата за заразни болести препорача укинување на полицискиот час

Поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус во државата, Комисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на...

СКОПЈЕ ЕПИЦЕНТАР НА ЗАРАЗАТА: 16 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

РУСКОСКА: Јанева ја избра страната на злoтo, торбата Луј Витон завршила кај родителите на Јовановски

Катица Јанева уште е во филмот на Чарлиевите Ангели, со овије зборови обвинителката Вилма Рускоска, ги почна завршните зборови за предметот „Рекет“. Според неа, Јанева...

OД КАДЕ МУ ИНФОРМАЦИИ НА КУРТИ: Избори во Македонија ќе има во јули

– Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата земја, наведувајќи неколку држави во...

Повеќе вести