ГОРИ ЗГРАДА ВО ТЕТОВО: Пожарникарите три часа се борат со пожарот во станбена зграда во Тетово

  • March 21, 2018
  • Коментари

Уште не е изгаснат пожарот кој избувна околу 16 часот и 30 минути во станбена зграда на улицата „Илинденска“ во Тетово. За среќа, нема повредени, бидејќи станарите на време ги напуштиле домовите.

Избувнал во кровот на зградата, а пожарникарите имат тешкотии со неговото гаснење.

Станарите не знаат кои се причините за пожарот. Еден од нив, како што изјави, се сомнева на струјата во моторот на лифтот зашто оттаму првично почнало да чади.

Претходно «
Следно »