„ГОСОД ПОСТОИ ИМЕТО И Е ПЕТРУНИЈА“ ОСВОИ ДВЕ НАГРАДИ НА ФЕСТИВАЛ ВО ТИРАНА: Едната за најдобар филм, а другата за најдобра женска улога!

  • May 9, 2019

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот Деа Филмски Фестивал во Тирана (2 до 8 Мај) освои две награди и тоа главната награда за најдобар филм и наградата за најдобра женска улога која ја доби Зорица Нушева за нејзината восхитувачка интерпретација на Петрунија.

Петчленото жити предводено од холанѓанката Клаудија Лансгенберг,со голема радост и оптимизам за балканската кинематографија го соопшти главниот победник „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска.

На церемонијата во Тирана присуствуваа нашите двајца актери Зорица Нушева и Џевдет Јашари, кои ги примија наградите.

Претходно «
Следно »