ГОСПОД ЌЕ ГИ ЧУВА ДЕЦАТА: Родителите во државни фирми мора да одат на работа, на тие во приватен сектор им се заканува отказ ако останат дома

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Родителите од понеделник ќе се соочат со голем проблем со чување на децата откако Владата објави дека завршува седењето дома по олабувањето на корона мерките. Но, кај мајките и татковците има вистинска недоумица за тоа како ќе се снаоѓаат бидејќи добиваат различни информации за тоа кој може да остане дома, а кој мора на работа.

Министерот Венко Филипче на прашање на„Република“ рече дека родителите на децата до 10 години имаат легитимно право да не одат на работа сè додека не се отворат градинките, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Родителите на децата до 10 години не одат на работа, се до отворање на градинките, нешто со што нема да брзаме воопшто. Тие имаат легитимно право да не одат на работа, бидејќи мора да ги чуваат децата. Секој прекршок треба да се санкционира преку инспекторатите-објасни министерот.

Потоа пак владата донесе одлука родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение.

Владата треба да објасни кои родители се изземени од мерката да седат дома. Вработените во приватните фирми се под закана од отказ доколку не се појават бидејќи газдите ги слушаат препораките на властите и бараат сите без исклучок да одат на работа.

Но, од друга страна и неколку државни институции како на пример Царина им кажале на мајките дека мерките на владата не важат и оти мора да дооаѓаат на работа од први јуни.

Се поставува прашањето како Владата очекува приватните фирми да ги почитуваат, кога тоа не го прават тие што се под нејзина капа. Останува да се види дали од понеделник Господ ќе ги чува децата или пак на помош ќе бидат бабите и дедовците.

Извор: Република

Latest News

Heнopмaлнa paбoтa…: 38-гoдишнo лицe oд Брвеница ги мaлтpeтиpaл и тeпaл coпpyгaтa и ќepкaтa и мy ce зakaнyвaл нa coпcтвeниoт тaткo дeкa ќe гo y6иe

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен жител на Брвеница за...

More Articles Like This